Пилешка салата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пилешка салата

Пилешка салата е било која салата направена од пилешко месо како главна состојка. Останатите вообичаени состојки може да бидат: мајонез, варени јајца, целер, кромид, бабури, кисели краставички, и сенф.

Во САД, пилешка салата се нарекува било која салата која содржи пилешко месо, или мешавина во која главни состојки се пилешко месо и мајонез или сос за салата. Како туна салата и салата од јајца, пилешката салата може да ссе сервира заедно со листови од зелена залата, марула, домати, авокадо или комбинација од нив. Пилешката салата се користи и за сендвич. Пилешка салата се нарекува и кога врз салатата од зеленчук се додаваат парчиња на печено или пржено пилешко месо. Во Америка, оваа салата за првпат е подготвена и послужена во Вејкфилд, Род Ајланд, во 1863 година. Сопственикот на ресторанот „Градско месо“ (Town Meats), Лијам Греј[1] ги измешал остатоците од пилешкото печено со мајонез, естрагон, и зрна грозје.

Во Европа и Азија, оваа салата се служи со било каков сос или пак без сос, а состојките може да варираатЧ од разни видови зеленчук до паста и ориз.

Пилешка салата во сендвич

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Chicken Salad: Back to the Beginning“. Willow Tree Poultry Farm. конс. 2014-07-29.