Петко Ангелески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петко Ангелески
Роден 1908 година
Ехлоец, Кичевско, Македонија под окупација на Отоманско Царство
Починал октомври, 1944 година
Кичевско
Националност Македонец

Петко Зафиров Ангелески ( 1908 во Ехлоец, Кичевско1944 во Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОВ, во Ехлоец на кој е впишано и името на Петко Ангелески

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од земјоделско семејство. Поради тешките услови за живеење, бил принуден да  оди на работа во Скопје. По окупацијата се вратил во своето село. Определен за борба против окупаторот, во текот на 1943 година бил опфатен од партиската организација во селото. Активно работел за потребите на ослободителното движење, а од летото 1944 година, им се приклучил на партизаните и бил во Осумнаесеттата дополнителна партизанска бригада. Есента, 1944 година се разболел во селото Атишта и бил однесен на лекување, но умрел во октомври истата година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 38.