Прејди на содржината

Петкамен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петкамен
Играчи еден до
Време на подготовка нема
Времетрање на играта
Комплексност на правилата средна
Стратешка длабочина мала
Случаен елемент среден
Потребна вештина вештина и брзина со раце
Игра петкамен со метални „камчиња“

Петкамен – вид детска игра со пет камчиња или други предмети слични на камче кои се фрлаат во височина и се фаќаат со една рака[1]. Во оваа игра доаѓа до израз вештината и брзината на играчите. Повеќе ја играле женските деца. Истата постои уште од антиката.

Историја

[уреди | уреди извор]
Жени клекнати играат петкамен, теракота од хеленистичко време.

Во Македонија играта се игра со камчиња од каде и доаѓа нејзиното име, но на други места и порано истата се играла со ашици (ашик - коска од задното колено од мали јагниња или јариња). Овие камчиња или ковчиња се такви што лесно се лизгаат низ прстите. Оваа игра била многу популарна во Стара Грција. Сократ ги зема „ашиците“ како пример кога расправа со Теетет на идејата за квантитет.

Во денешно време, повеќе не се игра со природни ашици, туку со копии изработени од метал или пластика, помали, значи полесни за манипулација за децата, но заради тоа што се лесни (оние од пластика) и површината им е многу мазна, не можат да се изведат покомплицирани манипулации.

Опис на играта

[уреди | уреди извор]
Природни ашици

Петкамен вообичаено се игра со пет камчиња (или ашици) од кои едно се разликува од другите, на пример по бојата.

Со правилата на играта се проверува вештината и брзината на играчот со:

  • фрлање на едно камче во воздух (најчесто различното)
  • земање на едно камче од оние кои се на земја
  • и фаќање на фрленото камче пред истото да падне на земја.

Значи во првиот круг, четири пати се собира по едно камче. Во вториот круг, треба да се земат двапати по две камчиња наеднаш, потоа три и едно камче, и на крајот сите четири.

Втора групата со состои во поминување на камчињата низ поставена чепорок од раката. Како и во претходниот случај се фрла различното камче во воздух, се протнува едно камче низ чепорокот и се фаќа фрленото камче пред истото да падне на земја. И во овој случај има четири круга на поминување на камчињата низ чепорокот.

  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2006). Толковен речник на македонскиот јазик. IV. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 75. ISBN 978-9989-640-86-5.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]