Панкрациум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Pancratium
Pancratium illyricum
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermае
Нерангирано: Monocotyledoneae
Ред: Asparagales
Семејство: Amaryllidaceae
Племе: Pancratieae
Род: Pancratium
Dill. ex L.[1]
Видови

Видете во текстот.

Родот панкрациум (лат. Pancratium) обединува околу 18 видови на многугодишни, тревести растенија чие природно распространување е на бреговите на Средоземно Море, тропска Азија и Африка, но и на Канарските Острови. По југозападните брегови на Црното Море се среќава видот Pancratium maritimum, попознат како песочен лилјан. Тој е загрозен вид, бидејќи стаништата на кои вирее редовно се уништуваат поради туризмот. Панкрациумот е многу близок со другите два родови - хименокалис и исмене, па затоа тие често се мешаат. Припаѓа на фамилијата на кокичиња.

Изглед[уреди | уреди извор]

Лисјата се зелени, глатки на периферијата и имаат паралелна нерватура. Цветовите се снежнобели со голем жолт или мал зеленикав центар. Имаат многу пријатна арома и се собрани во соцветија од по неколку цветови. Поседуваат 6 венечни ливчиња и инка во центарот, која кај некои видови е членеста, видоизменета и свртена наназад. Прашниците се 6 и се жолти или белузникави. Излегуваат од центарот на цветот, се лизгаат по работ на инката и штрчат од нејзиниот раб. Плодникот исто така поаѓа од центарот, но за разлика од прашниците, тој продолжува по права линија без да се допира со инката (освен ако не натежне). Кај некои видови е подолг од прашниците, додека кај други е покус.

Самите растенија достигнуваат различни големини кај различните видови - можат да се и многу ситни, но и распоредени во големи групи. Како и кај останатите претставници од кокичињата, подземниот орган на панкрациумот е луковица. Семињата се големи и црни.

Панкрациумот и човекот[уреди | уреди извор]

Името на родот е дадено од Карл Лине. Името pancratium доаѓа од грчкиот јазик и значи моќ. Растението веројатно е наречено така поради екстремната животна средина во која спокојно вирее. Панкрациумот има многу декоративни квалитети, но ретко се одгледува, бидејќи доста од видовите се загрозени, а понекогаш бараат посебни услови на одгледување.

Интересно е дека на островот Крит се пронајдени фрески од праисторијата на кои бил насликан панкрациумот.

Систематика[уреди | уреди извор]

Родот Pancratium ги вклучува следните видови:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sp. Pl.: 290 (1753).