Прејди на содржината

Пакет аранжман (албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пакет аранжман е музички албум издаден во 1981 година од загребачкиот Југотон. Изведувачите биле три белградски групи: Идоли, Шарло Акробата и Електрични оргазам. Продуцент на албумот бил Енцо Лесиќ, а сниматели во Белградското студио "Друга маца" биле Душан Васиљевиќ и Мирослав Цветковиќ. Омотот бил направен од Милинко Стефановиќ (насловната страница) и Горан Вејвода (внатрешната страна), а омотот уметнички го обработил Бранко Гавриќ.

Овој албум важи за еден од најдобрите и најзначајните во југословенската рок музика, бидејќи со неоговото објавување започнува периодот на „новиот бран“ кој ја променил насоката на југословенската рок сцена во текот на осумдесеттите и деведесеттите години на дваесеттиот век.

Во книгата „ЈУ 100 - најдобрите албуми на југословенската рок и поп-музика“, Душко Антониќ и Даниел Штрбац албумот Пакет аранжман го сместиле на второто место на најдобри албуми веднаш по албумот на Идоли Одбрана и последни денови кој бил на првата позиција.

Песни на албумот

[уреди | уреди извор]
#ИзведувачПеснаТраење
1Идоли„Маљчики“3:22
2Идоли„Пластика“1:44
3Идоли„Schwule uber Europa“4:27
4Идоли„Америка“8:12
5Електрични оргазам„Крокодили долазе“3:09
6Електрични оргазам„Златни папагај“2:07
7Електрични оргазам„Ви“1:50
8Шарло Акробата„Она се буди“4:00
9Шарло Акробата„Око моје главе“2:45
10Шарло Акробата„Мали човек“2:15
11Шарло Акробата„Нико као ја“1:33

Поврзано

[уреди | уреди извор]