Пазар на акции

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пазарот на акции или пазарот на капитал е јавен ентитет (мрежа на слободни економски трансакции,но не физички објект или дискретен ентитет) за тргување со акции на компанија и деривативи на договорена цена;овие претставуваат хартии од вредност,кои се објавени на официјалната листа на берзата, како и оние кои се тргувани приватно.

Големината на светската берза е пресметана на околу $36.6 трилиони на почетокот на октомври 2008. Вкупниот светски пазар на деривативи е проценет на околу $791 трилиони номинална вредност, 11 пати поголема од целата светска економија. Вредноста на пазарот на деривативите, бидејќи е наведена во однос на замислената вредност, не би можело директно да биде споредена со акции или со хартија од вредност со фиксен приход, што традиционално се однесува на реалната вредност. Згора на тоа, голем дел од деривативите се урамнотежуваат едни со други( т.е. деривативниот влог на настан што се случува се надополнува со сличен деривативен влог на настан што не се случува).Многу такви релативно неликвидни хартии од вредност се вреднувани според финансиските модели,отколку според реалната пазарна цена.

Акциите се тргувани и објавувани на листите на берзите, кои претставуваат ентитети на корпорација или заедничка организација, што се специјализирани за доведување на купувачите и продавачите на организациите до листата на акции и хартии од вредност заедно. Најголемиот пазар на акции во САД, со пазарната капитализација, е Њујоршката Берза (NYSE). Во Канада, најголема е берзата во Торонто. Најголемите европски берзи се: Амстердамската, Лондонската, Париската и Германската Берза(берзата во Франкфурт). Во Африка се Нигериската Берза,Јоханесбургската Берза,итн. А во Азија се берзата во Сингапур,Токио, Хонг Конг, Шангај и Мумбај.Кај Латинска Америка,такви се берзите BM&FBOVESPA (Bolsa de Valores, Mercadorias & Futuros de São Paulo) во Сао Паоло и BMV (Bolsa Mexicana de Valores) во Мексико.

Како учесници на пазарот се јавуваат индивидуалните трговски инвеститори, институциските инвеститори како што се заедничките фондови,банките,осигурителните компании и хеџ фондовите, а исто така и јавните претпријатија кои тргуваат со сопствените акции.Според некои истражувања, институциските инвестори и претпријатија кои тргувале со сопствените акции генерално добивале повисоки приходи со пресметан ризик отколку инвеститорите во малопродажбата.

Тргување[уреди | уреди извор]

Учесниците на пазарот на акции варираат од мали индивидуални инвеститори на акции до големи трговци на инвеститорски фондови,кои може да се основаат секаде. Нивните налози вообичаено завршуваат кај професионалец на берза,кој ги извршува налозите за купуваање или продавање.

Некои трговски размени се физички локации каде трансакциите се извршуваат на берзанските паркети, според метод кој е познат како „отворено извикување“ (open outcry).Овој метод на аукција се користи при трговска размена на акции и капитал каде тргувачите може да употребат „вербални“ наддавања и понуди истовремено. Другиот вид на тргување со акции е виртуелен, составен од мрежа на компјутери, каде размените се прават електронски преку тргувачи.

Тековните трговски размени се основаат врз модел на аукциски пазар каде потенцијален купувач понудува одредена цена за акции, и потенцијален продавач бара одредена цена за акциите. (Купување или продавање на пазар значи дека ќе ја прифатиш која било побарана или понудена цена за акцијата). Кога понудената и побараната цена се усогласуваaт, се одвива продажба, според принципот прв дојден,прв услужен во случај кога постојат повеќе понудувачи или побарувачи за дадената цена.

Целта на тргувањето со акции е олеснување на размената на хартиите од вредност помеѓу купувачи и продавачи, со тоа обезбедувајќи и пазарно место(виртуелно или реално).Размените обезбедуваат тековни информации за тргување на објавените хартии од вредност, притоа олеснувајќи го оформувањето на цената.

Њујоршката Берза претставува физичка размена, или таканаречена размена на акции објавени на листа- само акциите кои котираат на берзата може да се тргуваат на хибриден пазар (пазар каде што размената може да се изврши по електронски пат или со традиционалниот модел на аукција) за пласирање на налози на берзанскиот паркет, електронски и рачно. Налозите кои се извршуваат на берзанскиот паркет влегуваат преку членовите на берзата и се распределуваат до независните брокери, кои одат до одредена кабина на берзанскиот паркет, каде брокерски специјалист ја извршува размената за таа акција. Работата на специјалистот е да ги усогласува нaлозите за купување и продавање, користејќи го методот на отворено извикување (open outcry). Ако постои спред (spread), ниедна размена не се одвива во моментот- во овој случај брокерскиот специјалист треба да ги искористи неговите/нејзините ресурси (пари или акции) за да ги затвори разликите по неговото/нејзиното време за оценување. Штом ќе се направи размена деталите се пренесени на „касета“ и се вратени до брокерската фирма, преку која се известува инвеститорот кој го поставил налогот. Иако во овој процес човечкиот контакт има значаен удел , компјутерите играат главна улога,посебно за таканаречената „компјутеризирана трговска размена“.

NASDAQ(National Association of Securities Dealers Automated Quotations) е виртуелна берза, каде сите трговски размени се извршуваат преку компјутер. Процесот е сличен како на Њујоршката берза. Како и да е, купувачите и продавачите елктронски се мечирани. Еден или повеќе креатори на пазарот на NASDAQ секогаш обезбедуваат понудена и побарувана цена за која тие секогаш ќе ја купат или продадат нивната акција.

Париската берза, сега дел од Еуронекст, е електронска берза која се базира врз налозите. Била автоматизирана во доцните години на 80тите. Пред 1980тите, била берза која функционирала според методот на отворено извикување (open outcry). Брокерите се среќавале на берзанскиот паркет или Палатата Броњиар (Palais Brongniart). Во 1986,бил воведен системот за тргување САТЅ (Computer Assisted Trading System), и процесот за мечирање на налозите бил целосно автоматизиран.

Со тек на време, активното тргување ( посебно кај големите блокови на хартии од вредност) се оддалечувало од активната размена. Фирмите за хартии од вредност, предводени од UBS AG, Goldman Sachs Group Inc. и Credit Suisse Group, веќе управуваат со 12 % од американските хартии од вредност надвор од берзите на нивните внатрешни системи.Toa сигурно ќе се зголеми до 18 проценти до 2010, бидејќи сè повеќе инвестициски банки ги заобиколуваат Њујоршката берза и NASDAQ и тие самите ги поврзуваат купувачите и продавачите на хартии од вредност, според податоците добиени од Aite Group LLC од Бостон, консултантска група за брокери.

Денес, бидејќи компјутерите ја елиминираа потребата од трговски паркети како Биг Борд(Big Board), рамнотежата на моќта на пазарот на капиталот се менува. Со донесување на повеќе налози внатре, каде клиентите може да пренесуваат големи блокови на акции анонимно, брокерите плаќаат помалку за трошоци и добиваат поголема акција од $11 билиони годишно што институциските инвеститори ја плаќаат за трговската провизија.

Учесници на пазарот[уреди | уреди извор]

Како учесници на пазарот се сметаат индивидуалните малопродажни инвеститори, институциските инвеститори како што се инвестициските фондови,банките, осигурителните компании и хеџ фондовите, а исто така и јавните претпријатија кои тргуваат со сопствените акции.Според некои истражувања, институциските инвеститори и компаниите кои тргуваат со нивните сопствени акции генерално добиваат повисок приход со пресметан ризик отколку инвеститорите во малапродажбата.

Пред неколку декади, на светско ниво, купувачите и продавачите биле индивидуални инвеститори, како што се богатите бизнисмени, обично со долга фамилијарна истрорија на одредени компании. Со тек на време,пазарите станале се повеќе „институализирани“; купувачите и продавачите претставуваат големи институции (т.е. пензиски фондови, осигурителни компании, инвестициски фондови, индексни фондови, акциски фондови, хеџ фондови, инвеститорски групи, банки и други различни финансиски институции).

Со зголемувањето на институциските инвеститори се довеле и некои подобрувања во пазарните операции. Започнала постепена тенденција за намалување на фиксните трошоци за сите инвеститори, делумно со паѓање на административните трошоци, но исто така придружени и со олигополистички пристап на брокери на големи институции за поставување на стандардизирани трошоци.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 12 век во Франција посредниците на трговската размена -courretiers de change биле задолжени за управување и регулирање на долговите на земјоделските заедници во име на банките. Бидејќи овие личности тргувале и со долгови, тие може да се кажат дека се првите брокери. Општоприфатена заблуда е дека во доцниот 13ти век тргувачите на стока во Брухе се собирале во куќата на човекот кој се викал Ван дер Бурз(Van der Beurze ) ,и во 1309 тие биле именувани како „Brugse Beurse", институционализирање на она што до тогаш претставувало, неформални состаноци, но всушност , фамилијата Ван дер Бурз имала зграда во Антверп каде овие состаноци се одвивале; Ван дер Бурз го зеле Антверп, како и повеќето трговци во тоа време, како нивно примарно место за тргување. Идејата набргу се раширила околу Фландрија и соседните земји и "Beurzen" набргу се отворил во Гент и Амстердам.

Во средината на 13тиот век, венецијански брокер започнал да тргува со владини хартии од вредност. Во 1351 венецијанската влада ги забранила гласините што се ширеле со намера да се намали цената на владините фондови. Банкари во Пиза, Верона,Џенова и Фиренца исто така започнале да тргуваат со државните хартии од вредност во текот на 14ти век. Ова било возможно само поради тоа што овие биле независни градови држави нераководени од војвода,туку од совет на влијателни граѓани. Италијанските компании исто така биле први кои издавале акции. Потоа следеле компаниите во Англија и Ниските Земји(Белгија,Холандија, Луксембург) во 16тиот век. Dutch East India Company( основана во 1602) била првото акционерско друштво кое се здобило со фиксни акции на капитал, и како резултат на тоа,на амстердамската берза се појавило континуирано тргување во акциски компании. Набргу потоа, на амстердамскиот пазар произлегле возбудливи понуди за тргување на различни деривативни инструменти,меѓу кои опција и репо. Холандиските трговци исто така започнале и со краткорочно продавање- практика која била забранета од холандиските надлежности уште во 1610.

Денес има пазари на акции буквално во секоја развиена и најпрогресивна економија, каде најголемите пазари се наоѓаат во САД, Велика Британија, Јапонија,Индија,Кина,Канада, Германија, Франција, Јужна Кореја и Холандија.

Важноста на пазарите на акции[уреди | уреди извор]

Функции и цели[уреди | уреди извор]

Пазарот на акции е еден од најважните извори за компаниите да се здобијат со пари. Ова овозможува бизнисите јавно да бидат тргувани, или генерирање на дополнителен финансиски капитал за проширување со продавање на акциите во сопственост на компанијата на јавен пазар. Ликвидноста што една берза им ја нуди на инвеститорите, им овозможува брза и лесна продажба на хартиите од вредност. Ова е примамлива каректеристика за инвестирање во акции, во споредба со други понеликвидни инвестиции,како што се недвижнини. Некои компании активно ја зголемуваат ликвидноста преку тргување со нивните сопствени акции. Историјата покажала дека цената на акциите и другите средства е значаен дел од динамиката на економската активност, и може да влијае или да биде показател на социјалното расположение. Економијата чиј пазар на акции е во раст се смета дека е растечка економија. Всушност, пазарот на акции често се смета за примарен показател за стабилноста и развојот на економијата во една држава.

Зголемувањето на цените на акциите, на пример,често се смета дека се придружени со зголемени бизнис инвестиции, и обратно. Цените на акциите исто така влијаат и врз богатството на домаќинствата и нивната потрошувачка. Затоа,централните банки претендираат да внимаваат на контролата и однесувањето на пазарот на акции и, генерално, врз непреченото работење на функциите на финансискиот систем. Финансиската стабилност е raison d'être(причина за постоење) на централните банки.

Берзите исто така функционираат како клириншка куќа за секоја трансакција, што значи дека тие ги собираат и ги доставуваат акциите и гарантниот лист за плаќање до продавачот на хартии од вредност. Ова го елиминира ризикот на индивидуален купувач или продавач , во случај другата договорна страна да не ја изврши трансакцијата.

Непреченото функционирање на сите овие активности го олеснува економскиот раст со тоа што ниските трошоци и ризици на претпријатијата го унапредуваат производството на добра и услуги, како и можното вработување. На овој начин, се смета дека финансискиот систем придонесува за зголемен просперитет.

Односот на пазарот на акции со модерниот финансиски систем[уреди | уреди извор]

Финансискиот систем кај најзападните земји подлежал на забележителни трансформации. Една карактеристика на овој развој е дисинтермедијацијата. Дел од фондовите вклучени во заштедувањето и инвестирањето, се насочува директно до финансиските пазари,наместо да се пренесува преку традиционалното позајмување на банките и депозитните операции. Општиот јавен интерес за инвестирање во пазар на акции, или директно или преку инвестициски фондови, е значајна компонента на овој процес. Статистката покажува дека во последните декади акциите станале се поголем дел од финансиските средства на домаќинствата во многу земји. Во 1970тите, во Шведска, депозитните сметки и другите многу ликвидни средства со мал ризик сочинувале речиси 60 % од финансиското богатство на домаќинствата, споредени со помалку од 20 % во 2000 година. Главниот дел од ова усогласување е што финансиките портфолија преминале директно во акции, но добар дел се формирал во различни видови на институциски инвестиции за групи на индивидуи,т.е.,пензиски фондови, инвестициски фондови, хеџ фондови,осигурителни инвестиции за премии итн.

Трендот кон форми на штедење со повисок ризик бил акцентиран со нови правила за повеќето фондови и осигурување,овозможувајќи поголем процент на акции во замена за обврзници. Слични тенденции може да се најдат и во други индустријализирани земји. Во сите развиени економски системи, како што се Европската Унија, Соединетите држави, Јапонија и другите развиени нации, трендот бил ист: штедењето се отргнало од традиционалните банкарски депозити кон хартии од вредност со поголем ризик од еден или друг вид.

Однесувањето на пазарот на акции[уреди | уреди извор]

Од искуство знаеме дека инвеститорите може привремено да ги отргнат финансиските цени од нивните долгорочни трендови на агрегатни цени.(Позитивните или нагорните трендови се однесуваат на биковиот пазар (bull market); негатвните или надолните трендови се однесуваат на мечковиот пазар (bear market)). Претерани реакции може да се појават- така што прекумерниот оптимизам (еуфорија) може да ги однесе цените прекумерно високо или прекумерниот песимизам може да ги симне цените прекумерно ниско. Економистите продолжуваат да дебатираат дали финансиските пазари генерално се ефикасни.

Според една интерпретација на хипотезата за ефикасен пазар,само промените во основните фактори, како што се изгледите за маргини, профити или дивиденди, треба да влијаат на цениите на акците без разлика на краткорочноста,каде случаен „шум“ може да преовладува во системот.(Според оваа академска гледна точка,во голема мера теориска –позната како силна форма на хипотезата за ефикасен пазар- исто така се предвидува дека треба да има мал процент на тргување,а може воопшто и да нема,спротивно на фактот, бидејќи цените се веќе или близу до еквилибриум ,кои притоа се формирани според општоприфатеното знаење.) Силната форма на хипотезата за ефикасен пазар е длабоко тестирана со такви настани каков што е падот на пазарот на хартии од вредност во 1987, кога индексот Dow Jones опаднал за 22,6%- најголемиот еднодневен пад во историјата на САД.

Овој настан покажал дека цената на акциите може драстично да падне и покрај тоа што,до денес, е невозможно да се одреди генерално прифатена причина: темелно истражување не успеало да открие било каков прифатлив развој што би можело да се смета за причина на падот.(Но да се забележи дека ваквите настани се предвидени да се појават само случајно,иако многу ретко).Исто така ова е случај кој се практикува во пошироки рамки и се однесува на тоа дека новите информации не влијаат многу на промените на цените;едно истражување за педесетте најголеми еднодневни промени на цената на акциите во САД во повоениот период го потврдува ова.

Меѓутоа,се појавила и „слаба“ форма на хипотеза за ефикасен пазар која не бара цените да останат на или приближна рамнотежа, туку дека учесниците на пазарот нема да бидат во состојба систематски да профитираат од било каква моментална неефикасност. Освен тоа, додека хипотезата предвидува дека сите промени на цената (во остсуство на промена во основната информација) се случајни(т.е. не се според тренд), многу други студии покажале забележителна тенденција на пазарите на хартии од вредност да следат тренд за период од неколку недели или и подолго. Различни објаснувања за ваквите големи и неслучајни промени на цената биле објавени. На пример, некое истражување покажало дека промените кај проценетиот ризик, и употребата на некои стратегии, како ограничување на загубата (stop loss limits) и VaR граници, теоретски би можеле да предизвикат финансиските пазари да реагираат во крајни граници.Но, изгледа дека најдоброто објаснување е тоа дека дистибуцијата на цените на пазарот на акции не е Гаусова дистрибуција(во чиј случај, хипотезата, во било која од нејзините сегашни форми,не би била целосно применлива).

Други истражувања покажале дека психолошките фактори може да резултираат во претерани (статистички аномални) промени на цената на акциите( спротивно на хипотезата која ги смета таквите однесувања како неутрализирање). Психолошкото истражување покажало дека луѓето се предодредени да гледаат случајни форми, и често ќе перципираат модел што всушност е само шум.(Нешто како гледање на слични форми во облаци или дамки од мастило). Во денешен контекст ова значи дека неколку добри вести последователно за една компанија може да води кон претерана позитивна реакција од страна на инвеститорите (неоправдано водејќи ја цената по нагорна линија). Период на добри заработки истотака ја зголемува самодовербата кај инвеститорите, намалувајќи ги нивните (психолошки) граници за ризик.

Друг феномен- исто така од психологијата- кој функционира против објективната проценка е групното размислување.Како социјални животни, не е лесно да се држиш до мислење што значително се разликува од она на мнозинството на групата. Еден пример со кое ова може да се поистовети е одбивањето да се влезе во празен ресторан; луѓето обично преферираат нивното мислење да е прифатено од оние другите во групата.

Во еден труд авторите направиле споредба со коцкањето. Во нормални услови пазарот се однесува како игра на рулет; можностите се познати и се многу независни од одлуките за инвестиции на различни играчи. Во периоди кога пазарот е во стресна состојба, играта станува повеќе како покер ( преовладува здруженото однесување). Во овој случај играчите мора да дадат големо значење на психологијата на други инвеститори и како тие ќе реагираат психолошки.

Пазарот на хартии од вредност , како и секој друг бизнис, е доста неопростлив со аматерите. Неискусните инвеститори ретко ја добиваат помошта и подршката што им треба. Во периодот до падот во 1987, помалку од 1 % од препораките на аналитичарите биле за да се продава (и дури за периодот од 2000-2002 на мечковиот пазар, просекот не се зголемил над 5%). Во периодот до 2000год, медиумите ја засилиле генералната еуфорија, со извештаите за брзото зголемување на цената на акциите и со идејата дека може да се заработат големи суми на пари во така наречената нова економија на пазарот на хартии од вредност.

Нерационално однесување[уреди | уреди извор]

Понекогаш, изгледа дека пазарот реагира нерационално на економските или финансиските информации, дури и кога е веројатно дека тие информации немаат вистинско влијание врз основната вредноста на самите хартии од вредност.Но ова може повеќе да изгледа така,отколку што вистински е, бидејќи често таквите информации биле предвидени, и може да произлезе противдејство ако информациите се подобри( или полоши) од очекуваното. Затоа, пазарот на хартии од вредност може да се заниша во двата правци поради соопштенија на печатот, гласини, еуфорија и масовна хистерија; но генерално, повеќето искусни инвеститори се собираат набрзина за да искоритат дури и најмал дел од масовната хистерија,макар и за кратко.

За краток период,колку и да има брзи промени на пазарот, може да влијаат позитивно и негативно врз акциите и другите хартии од вредност, придонесувајќи однесувањето на пазарот на хартии од вредност да биде тешко предвидлив.Емоциите може да ги водат цените по горна и долна линија, луѓето не се толку рационални како што мислат дека се, и причините за купување или продавње генерално се нејасни. Бихевиористите расправаат дека инвеститорите често се однесуваат „нерационално“ кога донесуваат одлуки за инвестиции давајќи им некоректни цени на хартиите од вредности, што предизвикуваат пазарни неефикасности, што пак,за возврат, се можности за заработување на пари. Меѓутоа, целата идеја на хипотезата е дека овие нерационални реакции на информацијата се компензираат,оставајќи ги цените на акциите рационално одредени.

Најголемата еднодневна добивка на Dow Jones индустрискиот просек била 936,43 поени или 11 проценти, што се случило на 13ти октомври 2008.

Падови на пазарот[уреди | уреди извор]

Падот на пазарот на хартии од вредност често се дефинира како нагло опаѓање на цените на акциите на капитал кои се наоѓаат на листата на берзите. Паралелно на различни економски фактори, како причина за крах на пазарот се смета паниката и губењето на доверба кај јавноста за инвестирање. Често, падовите на пазарите ставаат крај на шпекулативните финансиски балони.

Постојат познати падови на пазари на хартии од вредност кои завршиле со загуба од билиони долари и со уништување на богатството во големи размери. Зголемен број на луѓе се вклучени во пазарот на хартии од вредност, особено откако социјалното осигурување и пензискиот план се повеќе и повеќе се приватизирани и поврзани со акции и обврззници и други елементи на пазарот. Едни од повеќето познати падови на пазари се падот на Вол Стрит од 1929год, падот на пазарот на хартии од вредност од 1973-4, Црн Понеделник (Black Monday)од 1987, Дот-ком балонот од 2000, и падот на пазарот на хартии од вредност од 2008.

Еден од најпознатите падови на пазарот започнал на 24ти октомври 1929 во Црн Четврток (Black Thursday).Dow Jones индустрискиот индекс загубил 50% за време на овој пад. Ова било почеток на големата депресија. Друг познат пад се случил на 19ти октомври 1987- Црниот Понеделник. Падот започнаал во Хонг Кoнг, и набргу потоа се проширил низ светот.

До крајот на октомври, пазарите на хартии од вредност во Хонг Конг паднале за 45,5%%, во Австралија за 41,8%%, во Шпанија за 31%%,во Велика Британија за 26,4%%, во САД за 22,68%% и во Канада за 22,5%%. Црниот Понеделник бил процентуално најголемиот еднодневен пад во историјата на пазарот на хартии од вредност- Dow Jones индексот опаднал за 22,6%% во еден ден. Имињата „Црн Понеделник“ и „ Црн Четврток“ исто така се употребени за падот од 28 и 29 октомври 1929, кои следеле по ужасниот четврток- почетниот ден на падот на пазарот во 1929.

Падот од 1987 предизвикал неколку загатки- главните вести и настани не ја предвиделе катастрофата и не биле идентификувани видливи причини за колапсот. Овој настан поставил прашања за многу важни проценки за модерната економија,и тоа теорија за рационално човечко однесување, теорија за пазарна рамнотежа и хипотеза за ефикасен пазар. Некое време по падот, тргувањето во берзите било запрено насекаде во светот, бидејќи компјутерите на берзата не функционирале најдобро,што се должело на енормниот квантитет на размени добиени во исто време. Овој прекин во тргувањето им овозможило на системот на Федералните Резерви и на централните банки од други земји да превземат мерки за контрола на ширењето на финансиската криза во светот. Во САД, Комисијата за хартии од вредност и берзи (ЅЕС-Securities And Exchange Commission) вовела нови мерки за контрола во пазарот на хартии од вредност со цел спречување на повторно појавување на настаните од Црниот Понеделник.

Од почетокот на 90тите, повеќето од најголемите берзи почнале да употребуваат електронски „машини за усогласување“ за да ги доведат на едно место купувачите и продавачите, притоа заменувајќи го системот на „отворено извикување“. Електронското тргување е составен дел од тргувањето во повеќето развиени земји. Кај берзите,компјутерските системи биле надоградени за да се справат со поголем обем во тргувањето преку попрецизен и поконтролиран начин. ЅЕС ги изменил маргиналните барања со цел да се намали нестабилноста на заедничките акции, опциите на акции и пазарот на фјучерси. Њујоршката берза и берзата во Чикаго го вовеле концептот на „прекинувач на струјно коло“. Прекинувачот го запира тргувањето,ако Dow Jones индексот се намали за даден број на поени во даден временски период. Во февруари 2012, Регулаторната Организација за инвестициска индустрија на Канада вовела прекинувач за поединечна акција.

Индекси на пазарот на хартии од вредност[уреди | уреди извор]

Промените на цените на пазарот или во дел од пазарот се сведени во ценовни индекси наречени индекси на пазарот на хартии од вредност, и ги има многу, како што се Стандард и Пурс (Ѕ&P-Standard & Poor's), FTSE 100 индексот(Finanacial Times Stock Exchange) и Еуронекст индексот. Таквите индекси обично се прилагодени на пазарната капитализација, со пондерите кои го рефлектираат придонесувањето на акциите кон индексите. Составните делови на индексите често се прегледуваат за да се вклучат/исклучат акции,со цел да ја рефлектираат промената во бизнис средината.

Деривативни инструменти[уреди | уреди извор]

Финансиската иновација донесе многу нови финансиски инструменти,чии исплати или вредности зависат од цените на акциите. Како примери се инвестициските фондови тргувани на берза (exchange-traded fund (ETF)),индексот на акција и опција на акција, своп на капитал,фјучерси на поединечни акции и индекс на акции на фјучерси. Последните два може да се тргуваат на фјучерс берза (која се разликува од берзата на акции), или се тргувани вонберзанско. Бидејќи сите овие производи се добиени од акциите, тие понекогаш се сметаат дека треба да се тргуваат во (хипотетички) пазар на деривативи, отколку во (хипотетички) пазар на акции.

Стратегии за употреба на различни финансиски инструменти или позајмен капитал[уреди | уреди извор]

Акција која тргувачот не ја поседува може да ја тргува користејќи краткорочна продажба(short selling);купување на маргина(margin buying) може да се употреби при купување на акции со позајмени фондови; деривативи може да се употребат за контрола на големи блокови на акции за многу помала сума на пари, што би била побарана од директното купување или директната продажба.

Краткорочна продажба[уреди | уреди извор]

Кај краткорочната продажба, тргувачите позајмуваат акции (вообично од неговата брокерска компанија која ги држи акциите на неговите клиенти или неговите сопствени акции на сметка за да им позајми на краткорочните продавачи) и потоа ги продава на пазарот, надевајќи се цената да падне. Всушност тргувачот ја откупува акцијата, заработува ако цената во меѓувреме падне и е во загуба ако цената се зголеми. Излегувањето од кратка позиција со откупување на акцијата се нарекува „покривање на кратка позиција“ (covering a short position). Оваа стратегија може исто така да се употреби од бескруполозни тргувачи во неликвидни пазари за по вештачки пат да ја намали цената на акцијата. Па оттука повеќето пазари или ја спречуваат краткорочната продажба или воведуваат рестрикции за тоа кога и како да се случи кртакорочна продажба. Naked краткорочната продажба е илегална кај повеќето пазари.

Маргинално купување[уреди | уреди извор]

Кај купувањето на маргини, дилерот позајмува пари (со камата) да купи акција и очекува цената да се зголеми. Најиндустријализираните земји имаат регулатива според која ако заемот е врз основа на колатерал од други акции што се во директна сопственост на дилерот, тоа може да е максимум на одреден процент од вредноста на тие други акции. Во САД,многу години маргиналните барања изнесувале 50%(тоа е, ако сакаш да заработиш инвестиција од $1000, треба да вложиш до $500, а често има и одржување на маргина $500).

Повик за маргина се прави ако вкупната вредност на сметката на инвеститорот не може да ја издржи загубата на размената.(При пад на вредноста на маргиналната хартија од вредност може да има потреба од дополнителни фондови за одржување на капиталот на сметката, и со или без претходно известување брокерската куќа може да ги продаде маргиналната хартија од вредност и други останати на сметката, за да истата ја заштити својата позиција на давање на заем. Инвеститорот е одговорен за секој дефицит кој следи по таквите присилени продажби).

Регулатива за маргинални барања (од Федералните резерви) била воведена по Падот од 1929 година. Претходно,шпекулантите требало да повлечат само 10% (дури и помалку) од вкупната ивестиција претставена преку купувањето на акциите. Други правила биле забраната за купување на акции без притоа да се има капитал за покривање на размената (freeriding): поставување на налог за купување на акции без притоа да се плати првично (вообичаено има три дена грејс период за испорака на акцијата), но потоа продавајќи ги ( пред да помина трите дена) и користејќи дел од приходите за да го изврши првичното исплаќање ( сметајќи дека вредноста на акциите не опaднала во меѓувреме).

Ново издадени акции[уреди | уреди извор]

Глобалното издавање на капитал и инструменти поврзани со капитал изнесувало вкупно $505 билиони во 2004, зголемување за 29,8% од 2003 година, кое изнесувало $389 билиони. Првичните јавни понуди (IPOs) од американските издавачи се зголемиле за 221% со 233 понуди кои изнесувале $45 билиони, а првичните јавни понуди во Европа, Блискиот Исток и Африка се зголемиле за 333%, од $9 билиони до $39 билиони.

Инвестициски стратегии[уреди | уреди извор]

Една од многуте работи што луѓето сакаат да ја знаат за пазарот на хартии од вредност е ,„ Како да заработам пари преку инвестирање?“. Постојат многу различни пристапи :двата основни методи се класифицирани со фундаменталната анализа или со техничката анализа. Фундаменталната анализа се однесува на анализирање на компаниите според нивните финансиски извештаи, кои се наоѓаат во ЅЕС официјалниот документ, бизнис трендовите, генералните економски услови,итн. Истражувањата на техничката анализа за ценовната промена кај пазарите се врши со помош на употребата на графикони и квантативни техники со цел да ги предвидат ценовните трендови без оглед на финансиските изгледи на компанијата. Еден пример за техничка стратегија е методот за следење на трендот,употребен од Џон В. Хенри (John W. Henry ) и Ед Сеикота ( Ed Seykota),при кој се користат ценовни модели,стриктно управување со парите,а исто така овој метод има корени во контрола на ризикот и диверзификација.

Покрај тоа, многу одбираат да инвестираат преку индексни фондови. Кај овој метод, еден ја држи пондерираната или непондерираната вредност на портфолиото кое се состои од целиот пазар на хартии од вредност или само сегмент од пазарот на хартии од вредност. Првичната цел на оваа стратегија е да ја зголеми до максимум диверзификацијата,да ги намали даноците од фреквентното тргување, и да го следи генералниот тренд на пазарот на хартии од вредност( кој, во САД, просечно изнесува околу 10% годишно, кој се мери на годишно ниво, од Втората светска војна па наваму).

Оданочување[уреди | уреди извор]

Во согласност со националното или државното законодавство, голема низа на фискални обврски се оданочени за капитални добивки. Државата ги наплаќа даноците преку трансакциите, дивидендите и капиталните добивки кај пазарот на хартии од вредност, особено кај берзата. Меѓутоа ,овие фискални обврски може да варираат во зависнот од надлежностите, бидејќи ,меѓу другите причини, може да се претпостави дека оданочувањето е веќе инкорпорирано во цената на акциите преку различните даноци што компаниите ги плаќаат на државата,или дека оперциите на пазарот на хартии од вредност ослободени од данок се корисни за зголемување на економскиот раст.