Шпекулант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шпекулант е признаен учесник на повеќето пазари, кој се обидува да ги предвиди промените на цените и по пат на, да речеме, купување и продавање фјучерс, да оствари добивка. Обично шпекулантот не е директно поврзан со финансискиот инструмент на кој се однесува фјучерсот.

Шпекулант за нови емисии[уреди]

Шпекулантот за нови емисии (на англиски: Stag) е трговец со хартии од вредност кој запишува новоиздадени акции, со надеж дека ќе ги продаде веднаш штом му се доделат, по цена повисока од номиналната.