Павлина Апостолова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Павлина Апостолова (Тетово, 16 мај 1927 - Скопје, 14 април 2018) — македонска оперска певица, сопран, првенка на Операта на Македонскиот народен театар.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Апостолова е родена на 16 мај 1927 година во Тетово. Пеење учела кај вокалните педагози: Н. Кунели, З. Шир и П. Богданов–Кочко, а се усовршувала во Италија и во Виена. Во 1950 година дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Мими во операта Боеми. Постојан член на Операта и на МНТ (19501983). Реализирала 40 улоги од класичниот, современиот и домашниот оперски репертоар. Меѓу нив се издвојуваат: Констанца (Грабнување од сарајот), Розина (Севилскиот бербер), Виолета Валери (Травијата), Мими (Боеми), Абигаила (Набуко), Норма, Чо-Чо-Сан (Мадам Бетерфлај). Настапувала и на концертниот подиум, посебно негувајќи го македонското музичко творештво. Како лирско-колоратурен сопран, во толкувањето на улогите, успешно го соединува вокалниот момент со разиграноста и сценскиот шарм.

Автор е на монографијата Мојот пат во оперската уметност[2]. Гостувала во сите поголеми оперски центри на поранешна Југославија.

По кратко боледување починала во Скопје на 14 април 2018 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]