Прејди на содржината

Осаменоста на тркачот на долги патеки (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Осаменоста на тркачот на долги патеки (англиски: The Loneliness of the Long Distance Runner) - британски филм од 1962 година, во режија на Тони Ричардсон, според сценариото на Алан Силитоу и Алан Силитоу. Во главните улоги настапуваат: Мајкл Редгрејв, Том Кортенеј, Ејвис Баниџ, Топси Џејн, Џулија Фостер, Џо Робинсон, Алек Мек Коуен итн. Во 1963 година, Кортенеј ја освоил наградата „БАФТА“ за најнадежен нов глумец, а филмот освоил уште четири други награди и имал две номинации.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Колин Смит (го игра Кортенеј) е младо момче од Нотингем, кое живее во сиромашно семејство. Неговиот татко е болен и наскоро умира, а веднаш по неговата смрт, мајка му продолжува да живее со својот љубовник. Смит е незадоволен, не сака да биде фабрички работник, но не знае што сака да биде во животот. Еднаш, тој и неговиот другар крадат пари од блиската пекарница, но набргу полицијата го открива и така Колин завршува в затвор. Таму, управникот (го игра Редгрејв) е оптоварен со подготовките за традиционлната трка меѓу затворениците и учениците од локалното училиште. Кога ќе забележи дека Колин е одличен тркач, на управникот му се раѓа надеж дека, за првпат во историјата, затворениците може да победат во трката, со што ќе се зголеми угледот на затворот. Затоа, тој му дава слобода на Колин да се подготвува за трката, така што тој може да излегува од затворот и да трча во околината. На денот на трката, Колин се наоѓа во убедливо водство, но непосредно пред целта тој намерно застанува, затоа што не сака од никого да прима наредби или совети.[2] [3]