Оризови тераси на Ханите во Хонгхе

Координати: 23°05′35.8″N 102°46′47.9″E / 23.093278° СГШ; 102.779972° ИГД / 23.093278; 102.779972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Културен предел Оризови тераси на Ханите во Хонгхе
Cultural Landscape of Honghe Hani Rice Terraces
светско наследство на УНЕСКО
Тераси во округот Јуанјанг
МестоХонгхе Хани и Автономна префектура Ји, Јунан, Кина
Критериумкултурно: (iii), (v)
Навод1111
Запис2013 (XXXVII заседание)
Површина16.603,22 ха
Преоден појас29.501,01 ха
Координати23°05′35.8″N 102°46′47.9″E / 23.093278° СГШ; 102.779972° ИГД / 23.093278; 102.779972

Оризови тераси на Ханите во Хонгхе — систем тераси за одгледување ориз на Ханите во префектурата Хонгхе, округот Јуанјанг, Јунан, Кина. Историјата на терасите досега до пред 1200 години. Целата област зафаќа 1.000.000 хектари и четири окрузи: Јуанјанг, Хонгхе, Џјинпин и Лучун, иако средишната област на терасите е во округот Јуанјанг. Во 2013 година, 16.603 хектари оризови тераси во Хонгхе Хани биле прогласени за светско наследство заради нивната исклучителна еластична градба, единствениот социо-еколошки систем и важноста за народот Хани.[1] [2]

Опис[уреди | уреди извор]

Оризовите тераси Хонгхе Хани се наоѓаат на јужните брегови на реката Хонг, под планините Аилао во Јужен Јунан. Грубиот, планински терен и големата количина годишни врнежи довеле до образување сложен систем на оризови тераси, при што некои места имаат повеќе од 3.000 тераси помеѓу работ на шумата и дното на долината. Каналите за наводнување и вештачките водоносни слоеви од песочник ја разнесуваат водата низ пределот. Овој систем е непрекинато одржуван и управуван од народот Хани повеќе од 1.300 години. Одгледувањето ориз е важен дел од културата, теологијата, календарот и политичкиот систем на Ханите.

Терасите ја следат изразито вертикалната структура што му овозможи на покраината да опстанува толку долго, вклучувајќи шуми, села, тераси и снабдување со вода. На врвовите на планините (над 2000 метри надморска височина), шумите се зачувани за да дејствуваат како собиралиште на врнежи и да ги „полнат“ полињата и терасите под нив. Сложениот систем канали и ендеци ја пренасочуваат водата кон долните тераси. Селата во областа обично се градат веднаш под шумите, помеѓу 1400 и 2000 м. Во областа на светското наследство се заштитени 82 села, секое со 50-100 домаќинства. Градбите обично се направени од тула и камен. Секое домаќинство обработува една или две тераси и вообичаено одгледувале црвен ориз и говеда.

Статус на светско наследство[уреди | уреди извор]

На 28 март 2008 година, подрачјето на оризовите тераси било додадено на пробниот список на светско наследство на УНЕСКО. На 20 јануари 2012 година, кинеската страна поднела официјален поднесок за вклучување на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Поднесокот бил заснован на критериумите (i) („ремек-дело на човечката креативност“), (iii) („извонредно сведоштво за културната традиција“), (iv) („важен пример на предел што отсликува дел од човечка историја“), (v) („одличен пример за традиционален облик на човечко населување“) и (vi) („поврзување со традиционални начини на живот, идеи или верувања“). Номинираната област вклучувала една област (Шјинџјие, 新街镇), два окрузи (Панџјихуа, 攀枝花乡; Хуангмаолинг, 黄茅岭乡), 18 управни села и 82 обични села.

Меѓународниот сојуз за зачувување на природата (IUCN) на 19 декември 2012 година издал соопштение во декември 2012 година, а делегација од Меѓународниот совет за заштита на спомениците (ICOMOS) ја посетил номинираната област од 8 до 14 септември 2012 година. На 19 декември 2012 година, ИКОМОС побарал дополнителни информации од кинеската страна. На 6 март 2013 година, ИКОМОС издал мислење за поднесокот. Критериумите (i), (iv) и (vi) биле оценети како неисполнети или недоволно поткрепени. Сепак, критериумите (iii) и (v) биле исполнети и било препорачано локацијата да биде впишана во Списокот на светското наследство. На 37. состанок на Одборот за светско наследство од 16 до 27 јуни 2013 година во Пном Пен (Камбоџа), оризовите тераси Хани биле додадени на Списокот на светско наследство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 哈尼梯田申遗成功, 2013-06-22
  2. „Cultural Landscape of Honghe Hani Rice Terraces“. United Nations Educational, Scientific, and Cultural Organization. Посетено на 17 април 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]