Операција Ентебе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Операција Ентебе
Дел од Израелско-палестински конфликт
Entebbe Uganda Airport Old Tower1.jpg
Датум 4 јули 1976
Место Аеродром Ентебе, Уганда
Исход Успешна мисија; 102 (од 106) заложници биле спасени[1]
Завојувани страни
 Израел НФОП
Revolutionäre Zellen.png Револуционерни келии
 Уганда
Команданти и водачи
Израел Јекутиел Адам
Израел Дан Шомрон
Израел Бенјамин Пелд
Израел Џонатан Нетанјаху (ЗВБ)
Вадеј Хадад
Revolutionäre Zellen Вилфред Бош (ЗВБ)
Уганда Иди Амин
Сила
100 командоси,
вклучувајќи ги Сајерет Маткал, Сајрет Ѕананим и Сајрет Голани,
плус авионска подршка.
7 киднапери.
непознат број на угандски војници.
Жртви и загуби
1 командос убиен
5 командоси повредени
Киднапери:
7 убиени
Војници:
45 убиени[2]
Unknown wounded
11 MiG-17 aircraft destroyed.
4 заложници убиени
10 заложници повредени

Операцијата Ентебе позната уште како Операција "Молња" е вооружена спасувачка операција на израелските специјални единици, одржана на аеродромот Ентебе, Уганда во ноќта на 3 и 4 јули 1976 година. Нејзината цел била ослободување на заложниците кои биле киднапирани од членовите на Фронтот за ослободување на Палестина[3] кои една недела претходно на 27 јуни го киднапирале авионот Ер Франс со 248 патници. Во текот на заложничката драма, евреите од авионот биле однесени во посебна просторија, а 47 неизраелски заложници биле ослободени. Следниот ден, повеќе од стотина неизраелски луѓе исто така биле ослободени, а околу стотина останале како заложници[4][5].

Како главен преговарач во операцијата била израелската разузнавачка служба Мосад. Киднаперите се заканиле дека ќе ги убијат заложниците ако нивните барања не бидат исполнети. Оваа закана доведе до планирање на операцијата за спасување[6]

Операцијата се одржала во текот на ноќта. Израелски транспортни авиони со 100 командоси заминале кон Уганда за операцијата за спасување. Операцијата, чие организирање траело една недела била во рок од 90 минути. Во операцијата 102 заложници биле спасени. Пет израелските командоси биле повредени, а еден убиен. Сите киднапери, тројца заложници и 45 војници на Уганда биле убиени, а триесет советски авиони Миг-17 и МиГ-21s кои припаѓале на Уганда биле уништени.[7]. 24 часа подоцна, четвртиот израелски заложник бил убиен[8][9] од армиските офицери на Уганда.

Операцјата понекогаш се нарекува и Операција Јонатан во спомен на лидерот на операцијата Џонатан Нетанјаху чиј постар брат Бенјамин Нетанјаху подоцна станал премиер на Израел[9].

Наводи[уреди]

  1. McRaven, Bill. „Tactical Combat Casualty Care – November 2010“. „MHS US Department of Defense“. MHS US Department of Defense. http://www.health.mil/Libraries/101101_TCCC_Course_Materials/0203PP02_Care_Under_Fire_101101.pptx. конс. 15 јули 2011. 
  2. Entebbe: The Most Daring Raid of Israel's Special Forces, The Rosen Publishing Group, 2011, by Simon Dunstan, page 58
  3. HOSTAGES FREED AS ISRAELIS RAID UGANDA AIRPORT; Commandos in 3 Planes Rescue 105-Casualties Unknown Israelis Raid Uganda Airport And Free Hijackers' Hostages
  4. Sol Scharfstein (1 May 1994). „Understanding Israel“. KTAV Publishing House, Inc.. стр. 118–. ISBN 978-0-88125-428-0. http://books.google.com/books?id=UDR6o4JMzlsC&pg=PA118. конс. 5 јули 2012. 
  5. Dunstan, Simon (2009). „Israel's Lighting Strike, The raid on Entebbe 1976“. Osprey Publishing; Osprey Raid Series #2. стр. 24. ISBN 978-1-84603-397-1. 
  6. „Mossad took photos, Entebbe Operation was on its way.“. Ynetnews. 2006. http://www.ynetnews.com/articles/0,7340,L-3269662,00.html. конс. 6 јули 2009. 
  7. Brzoska, Michael; Pearson, Frederic S. Arms and Warfare: Escalation, De-escalation, and Negotiation, Univ. of S. Carolina Press (1994) p. 203
  8. Middle Eastern terrorism, Mark Ensalaco p. 101 University of Pennsylvania Press, 2007
  9. 9,0 9,1 „Operation Entebbe“. The Knesset at Sixty. http://www.knesset.gov.il/lexicon/eng/entebbi_eng.htm. конс. 4 јули 2009.