Народен фронт за ослободување на Палестина (НФОП, англиски: Popular Front for the Liberation of Palestine; арапски: الجبهة الشعبية لتحرير فلسطين) — левичарска радикална марксистичка военизирана организација, која се залага за создавање независна палестинска држава. Основана е во 1967 г. од спојувањето на три палестински групи: Палестинскиот ослободителен фронт на Ахмед Џибрил (создаден во 1961 г.), групата „Херои на возвраќањето“ и групата „Одмаздничка младина“. Групата е позната и како „Група на црвените орли“ и „Група Халхул“. НФОП е признат како терористичка организација во САД, Канада, ЕУ, Обединетото Кралство и Израел.[1][2]