Оомицети

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оомицети
Репродуктивните структури на Phytophthora:
Бесполовите (А) спорангија, (B) зооспори и (C) хламидоспори, како и половите (D) ооспори.
Научна класификација
Домен: Eukaryota
Царство: Chromalveolata
Колено: Heterokonta
Класа: Oomycota
Редови и фамилии

Lagenidiales

Lagenidiaceae
Olpidiosidaceae
Sirolpidiaceae

Leptomitales

Leptomitaceae

Peronosporales

Albuginaceae
Peronosporaceae
Pythiaceae

Rhipidiales

Rhipidaceae

Saprolegniales

Ectrogellaceae
Haliphthoraceae
Leptolegniellaceae
Saprolegniaceae
Thraustochytriales

Оомицетите (лат. Oomycota или Oomycetes) образуваат одделна филогенетска линија на габовидни еукариотски микроорганизми (протисти). Тие се филаментозни, микроскопски организми кои се исхрануваат по пат на апсорпција и се размножуваат полово или бесполово. Живеат сапрофаген или патоген начин на живот, при што ги вклучуваат некои од најважните растителни патогени, предизвикувајќи болести како пламеница на компир и пламеница на винова лоза. Оомицетите често се нарекуваат и водни мувли, иако повеќето видови не се вистински водни организми, а сувоземни патогени.

Морфологија[уреди]

Оомицетите ретко поседуваат септи, а доколку поседуваат, тие се малку на број,[1] јавувајќи се во основата на спорангиите и понекогаш во постарите делови од филаментите.[2] Некои се едноклеточни, но други се филаментозни и се разгрануваат.

Размножување[уреди]

Повеќето оомицети даваат два различни типови на спори. Главните распространувачки спори се бесполови, самоподвижни и се познати како зооспори, способни за хемотаксија (движење кон или од хемиски сигнал, на пример, од потенцијален извор на храна) во површинските води (вклучувајќи ја и дождовната вода на растителните површини). Неколку оомицети произведуваат воздушни бесполови спори кои се распространуваат со ветрот. Тие исто така произведуваат и полови спори наречени ооспори што се провидни, со двоен ѕид, сферични образованија со кои оомицетите ги преживуваат неповолните услови на животната средина.

Систематика[уреди]

Групата е поделена на шест редови:[2]

  • Lagenidiales се најпримитивни; некои се филаментозни, а други едноклеточни; обично се паразити
  • Leptomitales имаат задебелувања на клеточните ѕидови кои на целосното клеточно тело му даваат изглед како да е септирано. Поседуваат хитин и обично се размножуваат бесполово
  • Rhipidiales користат ризоиди за да го прикрепат својот талус за дното на стоечките или загадени водни тела
  • Saprolegniales се најраспространети, немаат клеточни ѕидови и многу се разгрануваат. Многу претставници се разложувачи на мртва органска материја, а другите се паразити
  • Peronosporales се исто така главно сапрофагни или паразити на растенија и имаат несептирана разгранета форма. Најголем дел од најштетните земјоделски паразити припаѓаат на овој ред
  • Albuginales според некои автори се сметаат за фамилија (Albuginaceae) во рамките на Peronosporales, иако се покажа дека тие се филогенетски оддалечени од овој ред.

Патогеност[уреди]

Многу оомицети се економски важни бидејќи се агресивни патогени на растенијата. Одредени видови можат да предизвикаат болест кај рибите. Многуте растителни патогени видови можат да се класифицираат во четири групи:

Наводи[уреди]

  1. PMID 16018320 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  2. 2,0 2,1 Sumbali, Geeta; Johri, B. M (2005-01). „The fungi“. ISBN 9781842651537. http://books.google.ca/books?id=RU_H_DtbtpEC&pg=PA66.