Огнилото

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слика од Елена Ринго

„Огнилото (дански: Fyrtøjet)) — сказна на Ханс Кристијан Андерсен од 1835 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Додека се враќал од војната, еден војник сретнал вештерка на патот, која му кажала да влезе во едно шупливо дрво каде се крие големо богатство. Тој влегол во дрвото и видел три соби при што во секоја од нив имало по еден ковчег полн со бакарни, сребрени и златни пари, а пред секок ковчег седело по едно страшно куче. Со помош на шамијата на вештерката, војникот ги скротил кучињата и зел многу пари, како и едно старо огнило кое го барала вештерката. Бидејќи таа не сакала да му каже зошто служи огнилото, тој ја убил, а потоа заминал во еден град. Таму, војникот разбрал за принцезата која била затворена во дворецот, зашто ѝ било претскажано дека ќе се омажи за обичен војник. Војникот живеел раскошен живот и набргу ги потрошил сите пари, па бил принуден да се пресели во мала мансарда. Таму, тој се сетил на огнилото и кога го запалил, пред него се појавило едно од трите кучиња, кое му донело многу пари. Така, војникот сфатил дека огнилото е волшебно, па повторно станал богат. Една ноќ, тој ја посакал принцезата и го испратил кучето да му ја донесе, а тој ја бакнал. Утредента, принцезата им раскажала на родителите дека сонувала чуден сон. Следната ноќ, војникот ја повторил истата работа, но овојпат една дворјанка го следела кучето и открила каде оди принцезата. Таа ставила крст на портата од куќата, но кучето ставило таков знак на сите куќи, па утредента кралот и кралицата не можеле да ја најдат куќата каде преноќила принцезата. Сепак, крлаицата направила кесе и го наполнила со прав, па кога следниот пат кучето ја грабнало принцезата, на патот до куќата се истурала правта и така го откриле војникот. Поради тоа, тој бил затворен и осуден на смртна казна. Додека го чекал извршувањето на пресудата, крај затворот поминал еден чевларски момок, кој на војникот му го донел огнилото. Пред да го обесат, војникот побарал да му ја исполнат последната желба - да испуши една цигара. Кралот се согласил, но тогаш војникот го запалил огнилото и веднаш се појавиле трите кучиња. Тие ги нападнале кралот и војниците така што војникот го поставиле за крал, а тој ја зел принцезата за жена.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ханс Кристијан Андерсен, Бајки. Скопје: Македонска книга и Детска радост, 1967, стр. 30-38.