Огледало на црквата

Од Википедија — слободната енциклопедија

Огледало на црквата (латински: Speculum Eclessiae) — богословски трактат на Хонориј Августодунски.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во делото, Хонориј ги искажува своите ставови за различни прашања: На пример, зборувајќи за можноста одделните општествени групи да ја спасат својата душа, тој пишува дека војниците се „десната рака“ на црквата; трговците ги предупредува да не се служат со нечесни начини, но сепак ги пофалува затоа што им служат на сите народи и се изложуваат на ризик при патувањата поради што сите луѓе се нивни должници и треба да се молат за нив; селаните ги нарекува „собраќа и другари“ и ги советува да ги слушаат свештениците, уредно да работат и да го плаќаат данокот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 45.