Прејди на содржината

Обичен руј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Обичен руј
Лисја и плодишта
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Сапуновидни
Семејство: Руеви
Род: Руј
Вид: Обичен руј
Научен назив
Cotinus coggygria
Scop.
Синоними

Rhus cotinus

Обичен руј (науч. Cotinus coggygria, syn. Rhus cotinus) — вид на цветно растение од семејството на руевите (Anacardiaceae), вирее на голема област од јужна Европа, источно низ Средна Азија и Хималаите до северна Кина.

Ова е повеќеразгранета листопадна грмушка која расте 5-7 метри висока со отворена, раширена, неправилна крошна, и ретко формира мало дрво. Листовите се 3-8 см долги заоблени, овали, зелени, со восочен сјај. Есенската боја може да биде разновидна, од праска и жолта до скарлет. Цветовите се многубројни, секој цвет е 5–10 мм во пречник, со пет бледо жолти ливчиња.

Одгледување и употреба

[уреди | уреди извор]

Најчесто ова растение се одгледува како украсно растение, со неколку достапни сорти. Многу од нив се избрани за виолетово зеленило и цвеќиња.

Рујот порано се користел за правење жолта боја наречена „млад фустик“.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Фосилни записи

[уреди | уреди извор]

Макрофосили на обичен руј од раната плиоценска епоха се пронајдени во Западна Грузија во регионот на Кавказ.

  1. „Young fustic“. Britannica.com. Encyclopaedia Britannica. Посетено на 5 May 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]