Обзнана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Обзнана на Кралската влада од 29 декември 1920 за забрана на работата на Комунистичката партија на Југославија

Обзнана – назив за одлуката на државниот врв на Кралството СХС од 29 декември 1920 година за забрана на работата на Комунистичката партија на Југославија.

Разлог[уреди | уреди извор]

Работнички новини од 24 август 1920 година со вести за триумф на комунизмот на изборите во Србија и Македонија. Истата година КПЈ била забранета со декрет.
Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Откако се јавила како организатор на низа штрајкови, победила на изборите во доста општини и освоила значителен број мандати во Уставотворното собрание на Кралството СХС, на 29 декември 1920 година, со одлука на владата наречена Обзнана на Комунистичката партија на Југославија ѝ била забранета работата. Обзнаната не била уредба бидејќи не била „потпишана од кралот, туку од министерот, - не била објавена во службениот весник, туку само излепена по улиците“. Од правно гледиште, Обзнаната изгледала како „парче хартија“ кое требало да послужи како „средство на политички препад и застрашување“.

Текст[уреди | уреди извор]

Со Обзнаната владата наредила:

1. До решение на Уставот да се забрани секоја комунистичка и друга разорна пропаганда, да се запре работата на нивните организации, да се затворат нивните собиралишта, да се забранат нивните весниквесници и сите други списи кои би го нарушувале спокојството и мирот на државата, проповедале, правдале и фалеле диктатурата, револуцијата или какво било насилство. Веднаш да се спречат сите повици за генерален штрајк и до месец дена да се затворат сите кои ги прават усно или писмено. 2. Ќе се забрануваат сите печатени материјали со кои се намалува значењето на овие мерки наредени за одржување на слободата, редот и имотот. Се подразбира дека слободата на јавниот збор и пишување останува недопрена, ако со неа не се навредува државата и не се предизвикува јавна деморализација.

3. Во секој случај на неред со разорен карактер да се преземаат остри мерки против водачите и моралните подбуцнувачи, без разлика дали се тука или обезбедуваат вештачко алиби.

4. Се воведува задолжително пријавување на оружјето. Кој не пријави огнено оружје и експлозиви, се казнува со три месеци затвор со работа.

5. За време на работата на Уставотворното собрание забранети се во Белград сите манифестации кои имаат растроен и возбудлив карактер. На Воениот суд на судење му се предаваат сите, кои би дале оружен отпор на државните безбедносни органи.

6. Од нашата земја да се протераат сите странци кои би се придружиле на смутовите и би ги јачале.

7. Од државна служба да се отпуштат сите чиновници виши и нижи, кои би ја продолжиле пропагандата на болшевизмот во нашата земја, а да се одземе помошта за школување на сите студенти комунисти.


Во Белград, 29 декември 1920 година. Ј. Б.29 282

Претседател на Министерскиот совет и Министер за надворешни работи

МИЛЕНКО Р. ВЕСНИЌ, с. р“

Образложение[уреди | уреди извор]

Во образложението на Обзнаната, нејзиниот автор, министерот за внатрешни работи демократот Милорад Драшковиќ дал свој опис на комунистичките акции. Цел на комунистите е „според рускиот болшевички пример, да срушат сè што денес постои од закони, установи и јавни и приватни добра, а на место сето тоа да заведат како во Русија власт на неколку луѓе кои ќе располагаат со животот, слободата и имотот на граѓаните, а нашата држава да ја отворат за инвазија на странци. Тие тоа го викаат диктатура на пролетаријатот и бидејќи нашата држава ја сметаат само како еден сектор на фронтот во борбата која болшевиците ја водат против останатиот свет тие на тој сектор ќе поведат војна против светскиот капитализам како би срушиле сè и секаде на светот што до денес го створиле духот, снагата и работата на човештвото.“

За остварување на своите цели, југословенските комунисти се обидувале „да ја шират својата отровна пропаганда меѓу војската и жандармеријата, за да ги срушат покрај другите и тие столбови на редот како во Русија, а место нив да заведат тн. црвена војска и црвена гарда, кои и денес продолжуваат, кога целиот свет се смирува, војни – граѓански и меѓународни“. На комунистите во Кралството СХС им се придружиле многу нејзини „јавни и тајни непријатели“. Тие, бидејќи се „победени во војната, гледаат после војната да ѝ се одмаздат на оваа земја, подбуцнувајќи нереди во неа... Некои, иако воени богаташи, се запишуваат во комунистичката партија, други даваат пари за весници кои пишуваат невистини и го дразнат народот на незадоволство, трети одржуваат врски со странство и со парични фондови од странство набавуваат бомби, експлозиви и оружје, четврти со сè и сешто ја спречуваат секоја работа во земјата и на лош глас, без докази, ги изнесуваат сите јавни работници и целокупна нивна работа... Неколку стотини луѓе платени од тајните фондови одат од место во место, од собир на собир, од воз на воз, од кафеана во кафеана, ништо друго не работејќи, туку го нарушуваат јавниот мир и ја убиваат кај граѓаните довербата во државата и нејзината иднина.“

Кога би оствариле комунистичките замисли, Кралството СХС би го погодила несреќа каква што ѝ се случила на Русија: граѓанска и меѓународна војна, грабеж на „храна и стока по селата, а друг имот по градовите“. Но, напоменувал творецот на Обзнаната, „болеста на болшевиците која се вика комунизам, ја сруши само Русија. На неколку недели ја совладала и Унгарија, но таму помина оставајќи пустош и погинување баш на оние кои сакаа диктатура. Инаку, Америка, Англија, Франција, Германија и други уредени и богати држави ја сузбија во самиот почеток, некаде полесно, а некаде крваво.“ Владините мерки, предвидени во Обзнаната, имале цел да ги спречат комунистите во намерата да предизвикаат ново пролевање крв. Бидејќи, пролеано е и премногу. Народот бара мир за да ги лечи своите воени рани и страдања. Како што во самата неа, Обзнаната е донесена за да обезбеди Уствотворното собрание да ја изврши својата работа „во ред и слобода“, невознимирувано со „општ прекин на работа“ и немири за што, по владини сознанија „од повеќе страни и од повеќе сигурни извори“, се спремале комунистите.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Димић, Љубодраг (2001). Историја српске државности. 3. Нови Сад: Огранак САНУ.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Petranović, Branko (1980). Istorija Jugoslavije 1918-1978. Beograd: Nolit.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Petranović, Branko (1988). Istorija Jugoslavije 1918-1988. 1. Beograd: Nolit.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: