Прејди на содржината

ОУ „Наим Фрашери“ - Јагол Доленци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наим Фрашери
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Кичево
Наречено по: Наим Фрашери
Нас. место: Јагол Доленци
Адреса: с. Јагол Доленци
Местоположба

Карта

Основни информации
Број на ученици: 84[1]
Настава на: албански
Контактни информации
Мреж. место naimbejfrasheri.weebly.com/
Е-пошта naimbejfrasheri@gmail.com
Телефон 045/258-598
Факс 045/258-598


Основно училиште „Наим Фрашери“ (во минатото: Основно училиште „Даме Груев“; официјално: Основно општинско училиште „Наим Фрашери“ - Јагол Доленци; скратено: ООУ „Наим Фрашери“) — централно основно училиште во селото Јагол Доленци, Општина Кичево.[2] Училиштето се наоѓа помеѓу селата Јагол и Јагол Доленци.

Денес, училиштето е именувано по албанскиот поет, Наим Фрашери, додека во минатото училиштето го носело името на македонскиот револуционер Даме Груев.[3]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Објектот на централниот објект на училиштето се наоѓа на самиот влез во селото Јагол Доленци, од десната страна на асфалтниот пат.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првото училиште во селото било отворено во 1906 година, кога предавал Љуба Репиќ. Училиштето отсекогаш било централно, бидејќи селото служело како средиште за околните 12 села.[4]

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.[5]

Училиштето во минатото имало настава на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

[уреди | уреди извор]

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]

Наставата од шесто до деветто одделение, учесниците од подрачното училиште во Калешовци продолжуваат да ја следат во подрачното училиште во Туин, додека останатите во централното училиште во Јагол Доленци.

  1. 1,0 1,1 „ГОДИШНА ПРОГРАМАНАОУ"НАИМ ФРАШЕРИ "ЗА УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОД“ (PDF). Општина Кичево. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-01-11. Посетено на 2021-01-08.
  2. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-09.
  3. „СЛУЖБЕН ВЕСНИК“ (PDF). Посетено на 2021-01-04.
  4. Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 46.
  5. „Во Кичево нема пари за нафта и струја за училиштата, ама има за плати за превработеноста со наставници и хаусмајстори“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2022-09-20. Посетено на 2021-01-04.