ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Долно Количани
Изглед
За други значења на поимот, погл. ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“.
Мустафа Кемал Ататурк | |
|---|---|
| Место | |
| Општина: | Општина Студеничани |
| Наречено по: | Мустафа Кемал Ататурк |
| Нас. место: | Долно Количани |
| Адреса: | с. Долно Количани |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Директор: | Сабри Имер |
| Број на ученици: | 353 |
| Настава на: | турски и албански |
| Контактни информации | |
| Е-пошта | ataturkkolicani@hotmail.com |
| Телефон | 070/695-610 |
Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ (во минатото: Основно училиште „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“; службено: Основно општинско училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ - Долно Количани; скратено: ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“) — централно основно училиште во скопското село Долно Количани, Општина Студеничани.[1]
Денес, училиштето е именувано по основачот на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк, додека во минатото училиштето го носело името на истакнатиот македонски просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето било основано во 1933 година под името „Јордан Константинов Џинот“. Во 2006 година било променето името во „Мустафа Кемал Ататурк“.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Вртекица, подрачно училиште; и
- ПУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Горно Количани, подрачно училиште.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-14.
