Прејди на содржината

ОМУ „Стефан Гајдов“ - Велес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан Гајдов
Место
Општина: Општина Велес
Наречено по: Стефан Гајдов
Нас. место: Велес
Адреса: ул. „Благој Нечев“, бр. 8
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1945; пред 79 години (1945)
Настава на: македонски
Контактни информации

Основно училиште „Стефан Гајдов“ (официјално: Основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ - Велес; скратено: ОМУ „Стефан Гајдов“) — единствено музичко основно училиште во градот Велес, Општина Велес.[1]

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски композитор, диригент и педагог Стефан Гајдов.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во централното градско подрачје во месноста Дворови, непосредно до железничките пруги Скопје-Кочани и реката Вардар.

Историја

[уреди | уреди извор]

На 21 ноември 1946 година е донесен документ да се формира нижа музичка школа, прво отворено училиште од ваков вид во Македонија. „Стефан Гајдов“ како музичко училиште работи од ноември 1945 година, под името „Киро Димов“, за официјално да биде верифицирано во 1946 година. Зградата која училиштето ја користи е изградена во 1936 година, за подоцна да биде преадаптирана во музичко училиште. На 19 мај 2010 година, на седница на Советот на општина Велес, советниците со мнозинство гласови донеле одлука музичкото училиште наместо Киро Димов, да се именува во Стефан Гајдов.

Организацијата

[уреди | уреди извор]

Во училишната зграда се изведува настава во 11 кабинети. Денес, тоа е редовно училиште во кое се образуваат ученици од прво до деветто одделение на ниво на општината и пошироко. Училиштето работи според наставни програми за музички училишта, а воспитно-образовната работа се одвива во поединечна и групна настава. Наставниот кадар е составен од 10 наставници.

Во училиштето има ученици од повеќе националности, како и ученици од соседните општини околу Велес.

  • Во 1974 година училиштето е добитник на наградата „Деветоноемвриска плакета на град Велес“
  • Во 2011 година училиштето е добитник на наградата „Деветоноемвриска плакета на град Велес“

Познати личности кои учеле во ова училиште

[уреди | уреди извор]
  • Ангел Шурев - диригент
  • Костадин Богдановски - виолинист
  • Благој Ламјов - кларинетист
  • Никола Атанасов - флејтист
  • Костадин Кирков - концерт мајстор
  • Петре Пренџов - виолинист
  • Стојан Алчев - музички педагог и композитор
  • Лидија Алчева
  • Даринка Алчева
  • Кирил Вангелов
  • Иван Николовски-Танго
  • Живко Фирфов - етномузиколог, педагог, диригент
  • Данка Фирфова - македонска оперска пејачка
  • Кирил Спировски
  • Петре Пренџов
  • Илија Попов
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-04.