Ангел Шурев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ангел Шурев
Роден Ангел Шурев
18 април 1932
Велес, Кралство Југославија
Починал 14 февруари 2004(2004-02-14) (возр. 71)
Белград, Србија и Црна Гора
Националност Македонец
Занимање диригент

Ангел Шурев (18 април 1932 во Велес14 февруари 2004 во Белград) — познат македонски и југословенски диригент.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во 1956 година дипломирал диригирање на Музичката академија во Белград кај професорот Живоин Здравковиќ, а се усовршувал во Италија на Римската академија „Санта Чечилија“.

Диригентската кариера ја започнал во Операта на МНТ во периодот 1956-1960. Најголем дел од својата дејност ја поминал во Белград, во Белградската опера (1960-1967), како уметнички раководител и диригент на уметничките ансамбли на Домот на ЈНА (1967-1977), а во 1977 до 1998 година диригент и директор на Белградската филхармонија.

Како диригент настапувал во повеќе земји на Европа, Азија и Америка, изведувајќи оперски, балетски и симфониски дела од својот репертоар, со посебно пропагирање на југословенското и македонското творештво. Реализирал голем број снимки на електронските медиуми.

Именување[уреди | уреди извор]

Во неговиот роден град Велес во 2019 година бил основан градскиот камерен оркестар, кој бил наречен по него.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). "Шундовски". Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. стр. 1670. 
  2. „Во Велес формиран Градски камерен оркестар „Ангел Шурев" » opserver.mk“. opserver.mk. 2019-05-25. Посетено на 2020-08-03.
  3. Мај, 27; Музика, 2019 | (2019-05-27). „ВЕЛЕС ГО ДОБИ КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „АНГЕЛ ШУРЕВ". СМАРТ - СДК МК. Посетено на 2020-08-03.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)