Ноќи исполнети со буги

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ноќи исполнети со буги (англиски: Boogie Nights) е американски филм од 1997 година, во режија на Пол Томас Андерсон, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Марк Волберг, Џулиен Мур и Берт Рејнолдс.

Содржина[уреди | уреди извор]

Џек Хорнер е режисер на филмови за возрасни. Во 1977 година, тој го забележува згодниот необразован тинејџер Еди Адамс, кој наскоро ќе го смени името во Дирк Диглер и ќе стане голема порно-ѕвезда. Но, славата и дрогата му создаваат проблеми на Еди во односите со околината.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 16.
  2. „Ноќи исполнети со буги“, Антена, број 873, 27.3.2015, стр. 22.