Ноќен воз (филм од 1959)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ноќен воз (полски: Pociag) - полски филм од 1959 година, во режија на Јежи Кавалерович (Jerzy Kawalerowicz), кој е и автор на сценариото, заедно со Јежи Лутовски (Jerzy Lutowski). Главните улоги ги толкуваат: Луцина Виницка (Lucyna Winnicka), Леон Њемчик (Leon Niemczyk) и Тереза Шмигјеловна (Teresa Szmigielówna), Збигњев Цибулски (Zbigniew Cybulski) и Игнаци Маховски (Ignacy Machowski). Во 1959 година, на Филмскиот фестивал во Венеција, Кавалерович добил Златна плакета за технички достигнувања во филмот и бил номиниран за „Златниот лав“, додека Виницка добила Посебно признание за нејзината улога.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Докторот Јежи набрзина влегува во возот кој патува до Балтичкото Море и бара да добие купе за спиење. Меѓутоа, во купето веќе се наоѓа девојката Марта, која одбива да го напушти купето. Во меѓувреме, патниците во возот го коментираат убиството за кое пишуваат сите весници. Во соседното купе патува една жена со сопругот, која му се додворува на Јежи, но тој не ѝ возвраќа. Исто така, во возот патува и Сташек, момчето на Марта, кое ја моли да не го напушта, но таа е решена да ја раскине врската со него. По првичната меѓусебна нетрпеливост, пстепено, Јежи и Марта се зближуваат. Меѓутоа, на една станица, во возот влегуваат полицајци, кои го приведуваат Јежи, мислејќи дека тој е убиецот закого пишуваат весниците. Тогаш, Марта го препознава човекот од кого го купила билетот и полицијата сфаќа дека тој е убиецот. Така, започнува потера по него, а откако убиецот скока од возот, голем група патници почнува да го брка. Најпосле, патниците го фаќаат убиецот. Подоцна, возот пристигнува на Балтичкото Море и Јежи и Марта се разделуваат.

Наводи[уреди | уреди извор]