Прејди на содржината

Нови мешани дијалекти на полскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Новите мешани дијалекти на картата на полски дијалекти според Станислав Урбањчик

Новите мешани дијалекти на полскиот јазик - општа дефиниција за поновите дијалекти на полскиот јазик оформени со мешањето на говорите користени од страна на полските населеници кои се доселиле на западните, односно т.н. вратени територии по 1945 година. Поради јазичната различност помеѓу населението на новите територии на Полска, која често оневозможувала комуникација помеѓу нив, стандардната форма на полскиот јазик многу брзо ги заменила говорите. Како резултат на тоа, овие територии сега имаат само литературен јазик со малку регионални црти зависни од првобитните говори на новото население. Денес мешаните дијалекти покриваат поголем простор отколку што е назначено на дијалектолошките карти и се појавуваат и на територии каде се користат и други полски говори, како на пример варминскиот и мазурскиот.

Мешаните дијалекти ги сочинувале:

Полски говор се појавил:

Станислав Урбањчик ги дели новите мешани дијалекти на три групи:

  • јужна со доминација на малополските селани;
  • северозападна со доминација на големополско-кујавско-поморските селани и Полјаците од Украина;
  • северна со доминација на мазовските селани и Полјаците од Литванија и Белорусија.