Нове Лазаревски
Нове Данев Лазаревски ( 1924 во Стрезовце, Кумановско — 20 октомври 1944 во Матка, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 22 септември 1944 година стапил во Третата македонска ударна бриrада. Со својата бригада учествувал во борбите против непријателот на кумановскиот и велешкиот терен. Неговиот борбен пат бил мошне краток, но и покрај тоа поради пројавената храброст и другарство оставил трајни спомени меѓу соборците. Бил одличен стрелец. Последен пат се борел на 20 октомври 1944 година. Тогаш бригадата ја преземала хидроцентралата Матка. Во оваа борба храбро загинал, но сепак успеале да ја заземат хидроцентралата и да го одбранат градот Скопје.[1]