Никола Генадиев
| Никола Генадиев | |
|---|---|
| Министер за правосудство на Бугарија | |
| На должноста 6 мај 1903 – 30 мај 1904 | |
| Премиер | Рачо Петров |
| Претходник | Христо Тодоров |
| Наследник | Петар Стајков |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 1 декември 1868 Битола, Битолски Вилает, Отоманска Империја |
| Починал(а) | 30 октомври 1923 Софија, Царство Бугарија |
| Професија | општественик, политичар и новинар |
| Воена служба | |
| Припадност | Кнежевство Бугарија |
| Битки/војни | |
Никола Иванов Генадиев (1 декември 1868 во Битола — 30 октомври 1923 Софија) — бугароман и бугарски новинар и политичар од македонска народност.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Никола Генадиев е роден на 19 ноември (1 декември нов стил) 1868 г. во град Битола.[2][3] Основното образование го завршил во Битола. Уште како дете, на осумгодишна возраст, во 1876 година се преселува со семејството во Пловдив, каде што ја завршил Пловдивската гимназија во 1885 година.[3]

Зел учество во Обединувањето на Бугарија, а потоа и во Српско-бугарската војна, во која бил доброволец во одредот на капетан Коста Паница.[3] Во 1891 завршил политички и административни науки и право при Бриселскиот слободен универзитет,[4][5] а потоа работи како адвокат и новинар во Пловдив. Заедно со својот брат Харитон го основале весникот „Балканска зора“, кој е првиот бугарски весник кој излегува секојдневно по Ослободувањето на Бугарија.
Убиство
[уреди | уреди извор]После Септемвриското востание од 1923 година биле ликвидирани многу приврзаници на востаничкото движење. Во Министерството за војна на Бугарија, на состанок на кој присуствувале претставници на Тодор Александров и Александар Протогеров, по предлог на Иван В’лков, било решено да го убијат министерот Никола Генадиев, бидејќи во него гледале опасност дека може да го поведе народот и да ги симне од власт деветтојунците.[1]
Се смета дека извршители на убиството биле Димитар Ѓузданов и Радев.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 337.
- ↑ Алманах на българските национални движения след 1878, Академично издателство „Марин Дринов“, София 2005, с. 436.
- 1 2 3 Предлошка:Ташев
- ↑ Костов, Александър (2004). България и Белгия. Икономически, политически и културни връзки (1879-1914). София: Арт Медия Комюникейшънс. стр. 94. ISBN 954-91634-1-5.
- ↑ Предлошка:Цитат периодика