Немања Рниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Олимписки медали
Фудбал
Европско првенство до 21 година
Сребрен медал – второ место Европско првенство до 21 година, 2007 Србија

Немања Рниќ (Белград, 30 септември 1984) е поранешен српски фудбалер кој играл во одбраната.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

За првиот тим на белградски Партизан Рниќ за прв пат настапил во сезоната 2003/04. На крајот на месец јули 2005 година ја скршил коската на потколеницата на десната нога по дуелот на тренинг со нигерискиот напаѓач Обиор Одит.[1] Покрај фибулата, на Рниќ му биле оштетени и лигаментите на скочниот зглоб, па по рехабилитацијата ја пропуштил целата есенска полусезона.

По освојувањето на двојната круна (првенство и куп) со „црно-белите“, во летниот преоден рок во 2008 година потпишал договор со белгискиот клуб на Андерлехт. Договорот бил со важеност од три години со можност за продолжување на уште една година.[2] Во екипата на Андерлехт се преселил без обесштетување, бидејќи претходно не го продолжил договорот со црно-белите. По пристигнувањето во составот на Андерлехт, наместо на теренот, завршил на клупата, а натпреварите често ги следел од трибините. Во месец февруари 2011 година го напуштил клубот на Андерлехт затоа што повеќе не можел да чека за можност да биде во тимот на белгискиот шампион. Заминал како позајмен играч, до крајот на сезоната во составот на Жерминал Бершот.[3]

На крајот на месец јули 2011 година се вратил во белградски Партизан со кој ја освоил титулата српски првак, а по истекот на договорот со црно-белите, неколку месеци ја одржувал формата на тренинзите во Рад. Во месец март 2013 година тој се согласил да соработува со екипата на Говерла, претпоследниот тим од украинското првенство.[4]

Од месец август 2013 година Немања Рниќ ги бранел боите на австрискиот бундеслигаш Волфсбергер.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

За младата репрезентација на Србија Рниќ одиграл 20 натпревари со која учествувал на Европското првенство во 2006 година во Португалија. Наредната година настапувал и на Европското првенство во Холандија, каде репрезентацијата на Србија го освоила второто место.

За сениорската репрезентација на Србија тој одиграл три натпревари. Својот прв натпревар го имал на 8 јуни 2005 година во Торино против селекцијата на Италија (1:1), а последен пат за селекцијата на Србија настапил во месец март 2008 година, во Киев против селекцијата на Украина (0:2).

Трофеи[уреди | уреди извор]

Партизан[уреди | уреди извор]

  • Освоено е Првенството на Србија и Црна Гора (1): 2004/05.
  • Освоена е Српската Суперлига (2): 2007/08, 2011/12.
  • Освоен е Купот на Србија (1): 2007/08.

Андерлехт[уреди | уреди извор]

  • Освоено е Белгиското првенство (1): 2009/10.
  • Освоен е Белгиски Суперкуп (1): 2010 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Немања Рнић сломио ногу!“. b92.net. 1. 8. 2005. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Немања Рнић у Андерлехту!“. mondo.rs. 16. 5. 2008. Архивирано од изворникот на 2018-02-06. Посетено на 2022-02-09. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Немања Рнић прешао у Жерминал“. b92.net. 5. 2. 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Рнић код Одонкора у Украјини“. mondo.rs. 13. 3. 2013. Архивирано од изворникот на 2018-02-06. Посетено на 2022-02-09. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]