Незаконски влез (филм од 1992)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Незаконски влез (англиски: Unlawful Entry) - американски филм од 1992 година, во режија на Џонатан Каплан, според сценариото на Луис Колик. Главните улоги ги играат: Курт Расел, Реј Лјота, Медлин Стоу, Роџер Е. Мозли, Кен Лернер, итн. Филмот постигнал голем комерцијален успех, носејќи заработка од 60 милиони долари, а Реј Лјота бил номиниран за наградите на „МТВ“, во категоријата за најдобар негативен лик.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Мајкл Кар (го игра Расел) и неговата сопруга Карен (ја игра Стоу) се имотен пар од Лос Анџелес. Една ноќ, во нивната куќа влегува крадец кој им се заканува со убиство, но тие успеваат да се одбранат. Тие ја повикуваат полицијата при што го запознаваат инспекторот Пит Дејвис (го игра Лјота), кој им ветува дека за брзо време ќе го пронајдат крадецот. Така, тие се спријателуваат со Пит и тој почнува често да ги посетува, отворено додворувајќи ѝ се на Карен. На тој начин, нивниот живот постепено се претвора во измачување...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „www.hrt.hr (пристапено на 28.2.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-08-06. Посетено на 2017-09-26.
  2. „www.hrt.hr (пристапено на 28.2.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-08-06. Посетено на 2017-09-26.