Неаполското злато

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Неаполското злато“ (италијански: L'oro di Napoli) – филм на режисерот Виторио Де Сика (Vittorio De Sica) од 1954 година, снимен по сценариото на Џузепе Марота (Giuseppe Marotta), Чезаре Ѕаватини (Cesare Zavattini) и Де Сика. Филмот е сниман според истоимената збирка на раскази на Џузепе Марота. Главните улоги ги играат: Силвана Мањано (Silvana Mangano), Софија Лорен (Sophia Loren), Паоло Стопа (Paolo Stoppa) и Тото (Totò). Филмот претставува еден вид посвета на Неапол, градот во кој режисерот ги поминал првите години од животот. На Канскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за „Златната палма“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Софија Лорен подготвува пица во филмот „Злато во Неапол“од Виторио Де Сика (1954)
Софија Лорен подготвува пица во филмот „Злато во Неапол“ од Виторио Де Сика (1954)

Филмот претставува омнибус составен од шест различни приказни кои се случуваат во Неапол: еден насилник искористува еден кловн, неверната продавачка на пица го губи прстенот, закопот на едно дете, сиромашниот гроф и закоравен коцкар, Просперо Б. Го тера својот син да игра карти со него при што постојано губи, неочекуваната и необична венчавка на проститутката Тереза, како и подвизите на „професорот“ Ерсилио Мича кој „решава сечии проблеми“.

Силеџијата[уреди | уреди извор]

Веќе 10 години како еден силеџија се населил во куќата на еден сиромав (го игра Тото) и му командува. Но, силеџијата дознава дека е болен...

Пици на кредит[уреди | уреди извор]

Софија (ја игра Софија Лорен) и нејзиниот сопруг Розарио (Џакомо Фурија) прават пици. Но, еден ден, скапиот свршенички прстен кој Софија секогаш го носела на рака, исчезнува. Наверојатно паднал во тестото на пицата за ноќниот чувар или во пицата на вдовецот (Паоло Стопа). Но, вистинита е многу погорчлива.

Малиот погреб[уреди | уреди извор]

Најтажната епизода од филмот, речиси без дијалози, раскажува за смртта на едно дете и за погребната поворка која го испраќа за последен пат. Во верзијата наменета за комерцијални цели оваа епизода е исфрлена.

Играчите[уреди | уреди извор]

Еден благородник од Неапол (го игра Виторио Де Сика), притиснат од богатата и грда сопруга и крајно осиромашен поради коцкарскиот порок, се обидува да извојува победа во долгите партии карти со синот на портирот, осумгодишно дете кое постојано го победува во табланет.

Тереза[уреди | уреди извор]

Тереза (ја игра Силвана Мањано) е проститутка. Непознат додворувач ѝ нуди брак. Непосредно по свадбената церемонија таа дознава дека нејзиниот сопруг се оженил со неа само за да добие прошка за една серизна грешка. Што да направи? Да го задржи достоинството и да си замине или да отстапи пред ветените удобности?

Професорот[уреди | уреди извор]

Дон Ерсилио (го игра Едуардо Де Филипо) продава мудрост. За неколку лири им дава одлучни совети на љубоморните свршеници, на уморните војници и на верниците кои му се обраќаат за помош. Но, проблемот на маалото е како да се спречи препотентниот благородник. Една свирка ќе реши сѐ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Napuljsko zlato, talijanski film (пристапено на 8.5.2022)