Наум Силјаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Наум Сандрев Силјаноски (1896 во Издеглавје, охридско — 1943 на Беличка Планина) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Наум Сандрев Силјаноски е роден во охридското село Издеглавје. Се занимавал со земјоделие. Во НОБ се приклучил во 1941 година. Активно работел за целите на НОБ. Во 1943 година бил пратен со специјална задача од командата на местото на Издеглавје, но потоа во близина на селото Сливово бил фатен од контрачетата на Димо Брадата од Белица, при што во октомври 1943 година бил стрелан на беличка планина.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот, ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945 година. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)