Прејди на содржината

Наум Пејов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наум Пејов
Роден 18 август 1919
село Габреш
Познат партизан

Наум Пејов (Габреш, 18 август 1919 - Скопје, 21 мај 2003) — македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Грција. Роден во 1919 година во селото Габреш, Костурско. Член е на КПГ од пред војната. Еден од главните организатори и раководители на македонското националноослободително движење за време на Втората светска војна. Командант е на македонскиот партизански одред „Лазо Трповски“. Член е на Окружниот комитет на СНОФ за Костурско. Организира и раководи со отпорот на Македонците против погрешната политика на КПГ спрема Македонците. Заменик командант на Првата егејска ударна бригада. По војната зазема разни високи политички и државни функции во СР Македонија.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 година, Том VII, Книга 1, Скопје 1985.
  • Македонска енциклопедија, Скопје, 2009, 1127 стр.