Настан (релативност)
Општа релативност |
---|
![]() |
Запознавање Математички запис Извори · Проби |
Во физиката, конкретно во релативноста, настан е моментална физичка состојба или појава поврзана со една точка во време-просторот (тоа е, одредено место и време). На пример, кршењето на една чаша на подот е настан; тоа се јавува во едно единствено место и единствено време.[1] Научно гледано, поимот за настан е идеализација, во смисла дека одредува определено време и место, додека секој вистински настан е склон да биде конечен во времето и во проторот.[2][3]
По изборот на појдовен систем, може да се доделат координатите на настанот: три просторни координати за да се опише местоположбата на координатата за да се определи моментот во кој се случува настанот. Овие четири координати заедно формираат четири-вектор поврзан со настанот.
Една од целите на релативноста е да се одреди можноста еден настан да влијае врз друг. Ова е направено со помош на метричкиот тензор, кој овозможува одредување на причинската структура на време-просторот. Разликата (или интервалот) помеѓу два настани може да биде класифицирана во поделби и тоа просторни, светлински и временски. И самодоколку двата настани се одделени со времеенски и светлински разлики ќе си влијаат еден на друг.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ A.P. French (1968). Special Relativity, MIT Introductory Physics Series, CRC Press,
- ↑ Leo Sartori (1996). Understanding Relativity: a simplified approach to Einstein's theories, University of California Press,
- ↑ Fock, V. (1964). The Theory of Space, Time and Gravitation. Pergamon Press. стр. 33.
By "event" we mean an instantaneous occurrence that can be characterized by a point in space and a corresponding moment of time.