Надир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Односот помеѓу зенитот, надирот и двата хоризонта.

Надир[1][2] (од арап. نظير = „спротивен“) — место што се наоѓа веднаш под некое место, т.е. под прав агол на рамнината. Бидејќи самата замисла за нешто „под“ нешто друго не е дорбро одредена за научни цели, стручњаците користат построга дефиниција за надирот. Во астрономијата, геофизиката и сродните науки (на пр. метеорологијата), надирот на едно место е дадена точка на месната вертикала што оди во насока на Земјината тежа на тоа место. Спротивен на надирот е зенитот. Надирот, исто така може да се дефинира како замислена точка на небесната сфера спротивно од зенитот; се наоѓа на долната, невидливата половина од небесниот свод[3].

Надирот се однесува и на надолната геометрија при набљудувањето на еден сателит во орбита,[4] каков што се користи при далечинско испитување на атмосферата и кога космонаутот е свртен кон Земјата кога врши некоја работа во отворена вселена.

Поимот надир ја означува и најниската точка што ја достигнува едно небесно тело додека привидно кружи околу дадена точка на набљудување. Вака може да се опише местоположбата на Сонцето, но ова е технички исправно само за една ширина во даден момент и е применливо само за мали геог. ширини. Велиме дека Сонцето е во надирот на едно место кога е во зенитот на антиподот на тоа место.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „надир“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „надир“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „„надир". Лексикон. Он.нет. 2010. Посетено на 11 март 2011.[мртва врска] (македонски)
  4. „Вообичаениот кабински механизам (CBM) за Меѓународната вселенска станица“ (PDF). Друштво на автомобилски инженери. 2001. Посетено на 23 април 2008. (англиски)