НУЦК „Марко Цепенков“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
НУЦК „Марко Цепенков“

Националната Установа Центар за Култура „Марко Цепенков го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот Прилеп кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија. Својата дејност ја започнува 1979 година како Дом на Културата, со специјално подготвената театарска претстава „Факел“ од Коце Солунски. Во почетокот Домот на Културата ги потикнувал аматерските самодејности: фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови.

Во 90-те години во склопот на Домот на Културата влегуваат КПЗ на град Прилеп, Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ и ЦСЛУ. Домот на Културата „Марко Цепенков“ прераснува во Центар за Култура „Марко ЦепенковПрилеп со професионална и значајна издавачка, ликовно - галериска и сценско музичка дејност.

ЦК „Марко Цепенков“ во 2004 г. го добива статусот: Национална Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ и дотогашниот Народен театар „Војдан Чернодрински“ влезе во нејзини рамки.

Необично е тешко и речиси невозможно да се систематизираат, па дури и само да се набројат сите културни настани кои се создале, се промовирале, се зародиле, се одиграле во НУЦК„Марко ЦепенковПрилеп. Оваа институција е голема подршка за сите аматери но пред се голем репрезент на високо професионални театарски, литературни и ликовни дела.

За својата исклучително значајна културна дејност како и за инзвондредните пред се театарски и музичко сценски изведби во 2009г. НУЦК„Марко Цепенков“ ја доби најпрестижната награда на град Прилеп „3-ти Ноември”.

Сценско музичка дејност[уреди | уреди извор]

КУД „Моминок“[уреди | уреди извор]

Од 90-те години па до денс, КУД„Моминок“ во доменот на сценско музичката дејност на НУЦК дава голем придонес негувајќи го фолклорот и богатото културно наследство на овие простори и пошироко.

Октет Прилеп[уреди | уреди извор]

Цели 15 години во НУЦК„Марко Цепенков“ твори октетот „Прилеп“ кој негувајќи го страоградскиот мелос е достоен репрезент на оваа институција на многу фестивали во земјава.

Танцово студио ЗОДИЈАК[уреди | уреди извор]

Успешни години работа и за танцовото- балетско студио „Зодијак“ под раководство на Кире Миладиноски. Респектабилно име во колективните и поединечните изведби на уметнички перформанси дома и во странство

Младинско драмско студио „Театар - Чин 4 Сцена 5“[уреди | уреди извор]

Работи повеќе од седум години и анимира голем број малди вљубеници во театарската уметност. Во продукција на МДС се организира фестивалот на кратка современа драма „Гола Сцена“. МДС има одиграно повеќе театарски претстави, а со некои од нив има и учествувано на Драмскиот аматерски фествал ДАФ во Кочани. Еве некои претстави од репертоарот на МДС:

  • Одисеја“во која учествуваа повеќе од 70 учесници.
  • „Скица за гоблен од Паљачо” од Трајче Крстетски, во режија на Саша Нацески беше предизвик за младите театарски аматери овој пат беше текстот. МДС се обиде на сцена да го пренесе интригантниот текст на Крстески, кој на симболичен начин опишува одредени општествени појави. Со оваа претстава Младинското драмско студио конкурира и зеде учество на Драмски аматерски фестивал ДАФ во Кочани, а претставата беше проследена од селекторот на овој фестивал, актерот, Нино Леви.
  • „Ај не туку ми се шетај гола” од Жорж Фејдо, во режија на Александар Дамчески и Христијан Тодороски, е новата премиера на Младинското драмско студио. Претставата е комедија во која се вклучени необични заплети во кој играат седумина аматери.
  • ,,Крајот на светот каков што го знаеме,, од Алекс Браун, во режија на Андреј Богатиноски, која беше одиграна со премиера во април 2012година.Претставата е современа драма во 4 кратки делови, меѓусебно независни по дејствие едно од друго. Пренесени се романтика, самоубиствени мисли, пороци и генерациска промена. Претставата нуди јасна порака: светот не е онаков како што постарите го познаваат. Дејствијата се случуваат на 4 најразлични места на планетата, што значи промената го зема својот замав насекаде подеднакво. Исто така, оваа претстава учествуваше на Драмски аматерски фестивал ДАФ во Кочани, за која Ангела Димеска ја освои наградата за Споредна женска улога во конкуренција од над 13 претстави.

Ликовно-Галериска дејност[уреди | уреди извор]

Во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ се одржуваат повеќе ликовни колонии и иложби на слики во Ликовната Галерија од домашни и странски автори. Во склоп со центарот за култура е формирано и Друштво на ликовни уметници Прилеп - ДЛУП.

ДЛУП[уреди | уреди извор]

Продажна галерија АЧЕ[уреди | уреди извор]

Во ЦК „Марко Цепенков“ во соработка со ДЛУП е отворена продажна галерија АЧЕ. Прилепските уметници ќе можат да продаваат свои дела во галеријата која ќе работи попладне од 18 до 22 часот. Практично ова е реактивирање на галеријата која функционирала пред повеќе од 15 години.

Издавачка дејност[уреди | уреди извор]

Од 90-тите години во склоп со НУЦК „Марко Цепенков“ се издава списанието за Литература, уметност и култура „Стремеж“, во кое може да се прочитаат секакви видови на раскази, есеи, песни, но и критики за некои дела од страна на професионалци.

Фестивали[уреди | уреди извор]

МТФ „Војдан Чернодрински“[уреди | уреди извор]

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма - Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни.Првата претстава на овој реномиран фестивал се одржала на 4 јуни 1965 година.

На Фестивалот континуирано се презентираат најдобрите театарски/драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција работени според дела од светската драматургија а особено се афирмира македонското драмско творештво.Фестивалот има натпреварувачки карактер во Официјалната програма.Фестивалот е од посебен државен интерес и единствен од ваков вид Финансиран од Министерството за култура на Р.Македонија, Локалната самоуправа и од донации и спонзорства.

ФИНПИ „Пеце Атанасоски“[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]