Мугер Фугер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Mooger Fooger (кирилица: Мугер Фугер) — македонска рок-група, формирана во 2004 година. Името на групата доаѓа од аналогните педали за електрична гитарамугерфугер“. Заштитен знак на групата е употребата на стара опрема, како: „лампаши“ и аналогна опрема.

Историјат[уреди | уреди извор]

Групата е основана во 2004 година, во Скопје, а нејзини оригинални членови биле: Сеад Хаџиќ - Сецко (гитара), Антонио Дојчиновски - Дојчин (бас гитара), Виктор Гајтановски (вокал, гитара), Огнен Мангаровски - Оки (гитара) и Андреј Анастасов - Еди (тапани). Како придружни вокали се појавувале Јована Гајтановска и Сандра Георѓиевска.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Mooger Fooger[уреди | уреди извор]

Првиот албум, кој е насловен според името на групата, бил објавен во 2005 година, како издание на „Рекорд Records“. На овој албум, покрај основниот состав на групата, свиреле и: Тони Мичевиќ, Петрит Сарачини-Амон Сра (се посра), Кире Најдовски и Соња (КЛО). На албумот се наоѓа и песната Го мразам капитализмот.

Mooger Fooger 2[уреди | уреди извор]

Вториот албум се појавил во 2006 година, како издание на PMG Recordings, со наслов „Mooger Fooger 2“. На албумот има 14 песни во кои доминираат психоделични гитари кои даваат звук сличен на британската гитарска „shoegaze“ сцена и на американската „no wave“ сцена од 1980-тите и 1990-тите. Албумот се одликува со звукот на аналогна опрема, звукот на старите гитари „Фендер Телекастер Кастм“ и „Фендер Мустанг“, засилувачите со ламби, како Vox и Orange, како и други типови на гитарски педали, аналогни синтисајзери итн. Исто така, карактеристичен е сонливиот дисторзиран гитарски звук и вокалите кои доминираат во некои песни, додека во другите се слеваат со чудесната позадина.

Luckiest Woman[уреди | уреди извор]

Третиот албум на групата се појавил во 2007 година.

13/13[уреди | уреди извор]

Албумот „13/13“ е издаден од издавачката куќа „Литиум“, а на него гостуваат поголем број македонски музичари.[1]

4th of July[уреди | уреди извор]

Албумот „4th of July“ е објавен како издание на „Corpus Delicti Records“. Неговиот наслов е изведен од името на улицата во скопската населба Чаир каде што започнала со работа групата. Тој содржи 16 песни, а на него гостуваат повеќе македонски музичари.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мугер Фугер, 13/13, Литиум ЦД 007.
  2. Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]