Прејди на содржината

Мојот маж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мојот маж
АвторРумена Бужаровска
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрзбирка раскази
ИздавачБлесок, Или-или
Издадена
2014, 2015
Медиумпечатено издание
Страници130 стр.; 20 х 13 см
ISBN978-608-4770-04-6

Мојот маж — збирка раскази на македонската писателка Румена Бужаровска објавена во 2014 година.[1]

За книгата

[уреди | уреди извор]

Раскажувачикте во книгата раскази Мојот маж, само навидум зборувајќи за својот сопруг, всушност зборуваат за нивните стравови, мрачни тајни, недозволени копнежи, интимни фрустрации. Пренесени низ призмата на жена, мајка, вдовица, прељубница, уметничка, домаќинка, сместени во нашето секојдневие и раскажани со едноставен јазик, кој изобилува и со хумор и со тага, овие раскзаи даваат глас на проблемите што општеството ни налага да ги криеме.[1]

Сите раскази во оваа збирка се раскажани во прво лице од различни жени. Сите овие раскази се за нив колку што се за нивната околина, односите со сопрузите, децата, родителите, колегите и пријателите. Кога зборуваат за нивните бракови и сопрузи, гинеколози, поети, полицајци, зборуваат за професиите и нивните статуси, зборуваат и за односите на моќ, бидејќи повеќето женски ликови се во сенка и емотивно и социјално запоставени поради престижот на нивните сопрузи. и нивните професии.[2]

Расказите во збирката Мојот маж се реалистични, скоро секој од нас, без разлика дали преку сопственото или туѓото искуство, лесно може да се идентификува со секој лик од оваа збирка бидејќи ниту една од нив не е еднодимензионална, чисто зло или целосно добра, туку повеќеслоен. Уште една особеност што ја прави оваа збирка исклучително интересна е дозата на хумор со која пишува Румена. Во приказните обично нема чиста комедија, но има таква што остава горчлив вкус во устата.[3]

Оригиналното издание на македонски јазик е објавено во 2014 година. содржи единаесет раскази: Мојот мај, поет, Супа, Прељубник, Гени, Нектар, Празно гнездо, Човек од навика, Татко, Сабота, пет попладне, Лиле и Осми март.[4]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Првото издание на македонски јазик е објавено во 2014 година и содржи единаесет раскази:

  • Мојот маж, поет,
  • Супа,
  • Прељубник,
  • Гени,
  • Нектар,
  • Празно гнездо,
  • Човек од навика,
  • Татко,
  • Сабота, пет попладне
  • Лиле и
  • Осми март[4]

Драматизација

[уреди | уреди извор]

Расказите од Мојот маж се драматизирани од Драмскиот театар во Скопје во режија на Нела Витошевиќ.[5]

Изданија на други јазици

[уреди | уреди извор]

Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа „Бука“ од Белград во 2017 година во превод на Ирена Шентевска.[6]

Збирката раскази „Мојот маж“ на грчки јазик ја објавила издавачката куќа „Гутенберг“ и е во превод на реномираната преведувачка Александра Јоаниду, професорка на Универзитетот Аристотелис во Солун.

  1. 1,0 1,1 „Мојот маж“. goodreads.com. Посетено на 17 ноември 2022.
  2. „Moj muž“. booka.rs. Посетено на 17 ноември 2022.
  3. Živković, Tamara. „Moj muž, Rumena Bužarovska“. casopiskus.rs. Посетено на 17 ноември 2022.
  4. 4,0 4,1 „Мојот маж“ (PDF). blesok.mk. Посетено на 17 ноември 2022.
  5. Ѓорѓијевска, Сребра (20.02.2023). „„Мојот маж" е катарзична претстава која ве носи кај што е најтешко да се биде - поблиску до себе!“. Драмски театар - Скопје. Архивирано од изворникот на 2023-07-08. Посетено на 8 јули 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. „Moj muž / Rumena Bužarovska“. plus.cobiss.net. Посетено на 17 ноември 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]