Мост кај Безистен (Битола)
Изглед
Мостот кај Безистен | |
---|---|
Координати | 41°01′53″N 21°20′04″E / 41.031504° СГШ; 21.334437° ИГД |
Носи | возила и пешаци |
Преминува | Драгор |
Место | Битола |
Особености | |
Вид | железен мост |
Ширина | 6 м |
Местоположба | |
Мостот кај Безистен или Безистенски мост — железен мост на реката Драгор во Битола.
Се наоѓа во центарот на градот Битола. Тој е еден од деветте железни мостови кои пристигнале од Германија како репарација од Првата светска војна.[1] Името „Безистенски мост“ го добил заради тоа што се наоѓа во непосредна близина на Безистенот.
Мостот е еднонасочен за сообраќај на моторни возила, а од двете страни има тесни тротоари по кои се движат пешаците.
Поради оштетеност од ноември 2021 година мостот се обновува.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Мостовите на реката Драгор во Битола на семрежното место на Сител
- ↑ Изменет режим на сообраќај во центарот на Битола поради реконструкција на мостот кај Безистенот на семрежното место на Апла