Прејди на содржината

Млада месечина (филм од 2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Самрак сага: Млада месечина“
Официјален постер
РежисерКрис Вајц
ПродуцентМарк Морган
Вик Гудфри
СценаристСценарио: Мелиса Росенберг
Книга: Стефани Мајер
Главни улогиКристин Стјуарт
Роберт Патинсон
Тејлор Лаутнер
Жанрдрама
МузикаАлександар Деспа
ДистрибутерSummit Entertainment
Премиера20 ноември 2009
Времетраење130 минути[1]
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$50,000,000[2]
Бруто заработка$655,698,319[1]
ПретходенСамрак
СледенЗамрачување

Млада месечина (англиски: New Moon) е американски драмафилм од 2009 година. Филмот е заснован на истоимената книга од Стефани Мајер и е продолжение на првиот филм од сагата

Филмската премиера а воедно и светска премиера беше одржана на 20 ноември 2009 и во повеќето држави освои рекорд на претпремирата т.е полноќното прикажување. Во САД претпремиерата освои заработка од $26.3 милиони долари, додека пак по првиот викенд на заработка, филмот доби $142,839,137, што воедно е и најголема заработка на премиера за 2009та година.[3]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Филмот продолжува само неколку месеци по завршувањето на првиот дел. Изабела Бела Свон (Кристин Стјуарт) го слави својот осумнаесетти роденден и станува засекогаш “постара“ од вечно седумнаесетгодишниот Едвард Кален (Роберт Патинсон). Едвард и неговата фамилија ѝ приредуваат роденденска забава. Отворајќи го подарокот, Бела се исекува од хартијата, заради што Џаспер Кален, најновиот “вегетаријански“ вампир во семејството, ја напаѓа. Како би ја заштитил, Едвард ја поздравува и ѝ кажува дека веќе никогаш нема да го види и заедно со својата фамилија го напушта засекогаш мрачниот Форкс, уништувајќи ги претходно сите докази дека постоеле. Бела паѓа во тешка депресија која трае следните неколку месеци. Чарли Свон, гледајќи дека неговата ќерка пати, се обидува да ја натера Бела да се дружи со своите врсници. Бела претпоставува дека Чарли не сака таа да се мота бесцелно по куќата па смислува план како да изгледа нормално нејзиниот татко повеќе да не ја малтретира.

Во следните месеци, Бела сфаќа дека опасните работи, како на пример возењето на мотор, ѝ овозможуваат да го слушне гласот на Едвард во главата и да гледа негови халуцинации. Нејзе ја теши и сè поголемото пријателство со Џејкоб Блек, кој ѝ ја намалува болката од загубата на Едвард. Бела открива дека Џејкоб е врколак. Тој и неговите пријатели врколаци ја штитаат Бела од вампирите Лорент и Викторија, која бара одмазда за смртта на својот партнер, Џејмс, кој беше убиен во Самрак

Поради погрешни информации, Едвард мисли дека Бела е мртва. Потиштен од тагата, тој оди во Италија, кај Волтурите, древен клан на вампири, кои се способни да го убијат. За да ги испровоцира тоа да го направат, тој сака да се прикаже на сонце пред луѓето, и да го открие постоењето на вампирите. Алис и Бела дознаваат за неговата намера, и пристигнуваат во Италија точно на време да го спречат. Пред заминувањето, Волтурите му велат на Едвард дека човечкото суштество кое е свесно дека постојат вампири мора да умре или да стане вампир. Кога се враќаат во Форкс, Едвард ѝ кажува на Бела дека само сакал да ја заштити. Таа му простува, а Каленови гласаат за Бела да се претвори во вампир. Откако одлучуваат Бела да стане вампир, Едвард ѝ дава избор дека може да го замоли Карлајл да ја претвори после матурирањето (за пет години) или лично Едвард да ја претвори во вампир под услов да се венча за него.

  1. 1,0 1,1 „The Twilight Saga: New Moon (2009)“. Box Office Mojo. IMDb.com, Inc. Посетено на 2009-11-18.
  2. Ben Fritz (2009-11-21). 'New Moon' eclipsing two box-office records“. The Los Angeles Times. Посетено на 2009-11-21.
  3. Anthony D'Alessandro (2009-11-21). 'New Moon' takes opening day record“. Variety. Reed Elsevier Inc. Посетено на 2009-11-21.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]