Мице, Волшебното самарче

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мице, Волшебното самарче“ — книга на македонскиот писател Ванчо Николески, објавена од издавачката куќа „Детска радост“. Книгата содржи две дела на Николески: поемата „Мице“ и романот „Волшебното самарче“.

Изданија[уреди | уреди извор]

Книгата, со обем од 152 страници и со димензии од 20 сантиметри, била испечатена во НИП „Нова Македонија“, РЕ Печатница. Автор на илустрациите, на дизајнот и на ликовно-графичкото уредување е Димче Исаиловски, а лектурата и коректурата ги направила Кате Ноневска. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-419-Х.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998.