Митко Илиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Митко Илиевски (Блатец, Македонија 17 мај 1924 - 24 април 1993) — еден од доајените на посвоената македонска филозофија. Завршил филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во прво време работи како асистент, а потоа како професор по повеќе значајни филозофски дисциплини на истиот факултет.

Основна преокупација на неговиот интерес е логиката, особено проблемот на дефиницијата, тема на која докторирал 1963 година.