Мис Хериет

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мис Хериет“ — (англиски: Miss Harriet) расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 9 јули 1883 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Група луѓе заминуваат на излет. Меѓу нив се наоѓа и сликарот Леон Шенал, кој на роијателите им раскажува за едно свое дамнешно доживување: Во младоста, додека шетал низ Нормандија се сместил во едно село каде ја запознал Англичанката Хериет - стара мома, многу побожна и голема вљубеничка во природата. На почетокот, таа не му обврнувала внимание на Леон, но откако видела една негова слика, постепено се спријателила со него и набргу започнала редовно да го придружува додека сликал. По некое време, Хериет наеднаш започнала да се однесува необично и воздржано, а Леон почувствувал дека таа е вљубена во него. Затоа, тој решил да го напушти селото, а вечерта, пред да замине, Хериет го здогледала додека ја бакнувал слугинката во куќата. Утредента, Хериет исчезнала, а подоцна ја пронашле мртва во бунарот. Леон бдеел цела ноќ над нејзиното мртво тело, а во зората ја бакнал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мис Хариета“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 208-235.