Минчо Фотев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Минчо Фотев
Роден 30 септември 1922
Хрупишча, Костурско
Починал 28 мај 1987(1987-05-28) (возр. 64)
Скопје
Познат партизан
Сопружник Евдокија Фотева - Вера

Минчо Фотев (познат како Мина Фотев), е македонски комунист и национален деец од Егејскиот дел на Македонија. Роден е во Хрупишча, Костурско. Учесник во ЕЛАС од пролетта на 1943 година. Секретар е на НОМС за Егејска Македонија од 1945, а со обединувањето станува член на Покраинскиот одбор на младинската организација ЕПОН за Егејска Македонија. На 20 мај 1947 година е суспендиран од оваа функција и повотрно е активиран во мај 1949 година како секретар на НОМС за Егејска Македонија.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Егејска Македонија во НОБ 1947, Том IV, Скопје 1980.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]