Милоје Видаковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милоје Видаковиќ
Милоје Видаковиќ.jpg
Роден 28 јануари 1898
Белград,  Србија
Починал 1974
Белград, Србија
Занимање универзитетски професор, гинеколог

Милоје Видаковиќ (28 јануари 1898 Белград - 1974 Белград) — физиолог, балнеолог, професор на Медицински факултет во Скопје и прв директор на Институтот за физиологија.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Милоје Видаковиќ бил роден во Белград. Се школувал во Белград и Франција. За време на неговиот престој во Франција работел со најпознатите француски физиолози од тоа време, во Институтот за физиологија во Париз и Нанси. Се занимавал и со испитување на лековитоста на бањите во Франција, а бил и претседател на Меѓународната организација на балнеолозите.[1] Во втората половина од 1940 година, под раководство на Милоје Видаковиќ во Белград бил форимиран Институт за медицинска хидрологија и климатологија при Медицинскиот факултет во Белград.

Во 1947 година, Видаковиќ дошол како редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, а извршувал и други задачи. Тој бил првиот директор на Институтот за физиологија , кој од 1949 година се преименувал во Институт за патолошка физиологија. До неговото пензионирање во 1957 година, тој изведувал настава по предметите: „Физиологија“ и „Патолошка физиологија“, како и по предметот „Фармакологија“ во отсуство на професор по овој предмет. Во периодот од 1952-1953 година бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Милоје Видаковиќ бил првиот кој организирал испитување на лековитоста на бањите во Македонија.[1]

По пензионирањето, продолжил да работи во Врњачка Бања. Починал во 1974 година во Белград.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​25-26