Милош Линдро
Милош Линдро | |
---|---|
Роден/а | 9 септември 1952 , Косел, Охридско, Македонија |
Занимање | поет, писател, преведувач, есеист, книжевен критичар |
Милош Линдро (р. 9 септември 1952) — македонски поет, критичар, есеист и преведувач
Роден е на 9 септември, 1952 година во с. Косел, Охридско. Студирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Работел во издавачката куќа „Македонска книга“ и бил главен уредник на весникот „Глас“. Работи во Министерството за култура при владата на Република Македонија. Живее во Скопје.
Дела
[уреди | уреди извор]Учествувал во создавањето на поетскиот манифест „На чекор од говорот“ (Разгледи, 1980 година) во којшто се заговара поетиката на генеративното која се реализира низ т.н. „Модел на ослабено именување“. Преведува од српско-хрватски и романски јазик на македонски. Член е н Друштвото на писателите на Македонија од 1982 година..[1]
Застапеб е во повеќе избори и антологии на македонската поезија во земјата и странство. Автор е на следните книги:
Поезија
[уреди | уреди извор]- „Полилема“ (1977)
- „Вибрации“ (1980)
- „Разградба“ (1983)
- „Слова за речта“ (1987)
- „Раз-градба“ (1994)
Проза
[уреди | уреди извор]- „Знакот, думата, словото“ (1990)
Кон поезијата од „Разградба“ на Милош Линдро
[уреди | уреди извор]Збирката „Разградба“ на Милош Линдро е поделена на три дела песни. Првиот дел не е насловен и е составен само од една песна. Вториот дел е насловен „Осум тријади“ и во него песните се поделени во три по групи (тријади). Додека третиот дел е наречен „Излез“, а составен е од две песни. Структурно гледано, песните на Милош Линдро во збирката „Разградба“ се кратки и се напишани слеано, без делење на стиховите во строфи. Единствено песните „Ведрина“ и „Разградба“ се напишани во строфи и тоа во строфи без определен број на стихови. Секоја строфа има својства сама за себе. Линдро во оваа збирка пишува песни со секојдневна тематика. Претежно навлегува во психата на човекот и нејзините особини. Пишува исто така и за особините на јазикот („Мислејќи во јазикот“, „Изразно средство: знак“, „Зборовите сегдешни“). Авторот се обидува да ги објасни одредени својства на човекот и тоа преку поврзаноста на истите со времето, местото, па и со самиот човек. Во песната „Сите мои измами“, писателот на едноставен начин кажува дека не постои некој кој нема измами, па и самиот тој припаѓа во таа група луѓе. Измамите се привид, но постојат кај секого. Само што ќе си помислиш дека поминале, пак ќе се јават во друг облик. Отсекогаш постоеле и ќе постојат, и секоја нема да биде ни прва ни последна. Во тријадите, Линдро се задржува на истите тематики. Авторот обработува тема за одлучноста на човекот. Такви песни се песните од првата тријада „Умот, колебливоста, одлуката“, „Некогаш или сè уште“ и „Согласност“. Писателот преку овие песни препорачува дека секогаш треба да сме одлучни, но исто така и да не се каеме за своите одлуки, ако евентуално погршно одлучиме. Во втората тријада, Линдро пишува за верата, за вештината на одрекнувањето, како и за природата („Ведрина“). Тема на пишување во третата тријада е решителноста, наоѓање начин да се реши некој проблем. Следната тема во тријадите е јазикот и неговите особини, како и желбата. Во последниот дел од збирката, писателот дава апстрактно сознаение за излезот. Најпрво со песната „Подготовка“ ја опишува подготовката за да се стори нешто. И во оваа песна постои доза на несигурност, нерешителност и страв. Во следната песна „Излез“ е опишан вистинскиот излез. Притоа, читателот добива чувство како тој излез да започнува од мрачното и неубавото, а да продолжува кон нешто што значи светлина и убавина.
„Знакот, думата, словото“
[уреди | уреди извор]Книгата „Знакот, думата, словото“ на Милош Линдро е составена од три есеи. Имено трите есеи ги имаат насловите од самиот наслов на книгата. Сите три есеи имаат научен карактер. Првиот есеј е посветен на знакот, односно поетскиот знак. Во овој есеј Линдро се задржува на начинот на запишување на поетските мисли. Тој пристапува кон овој проблем со решение дека самиот писател треба да има концепт за да се изкаже. Според Линдро секоја песна би требало да има свој звук според кој би можело да се каже дека се работи за поетски текст. Хаотичното редење на стихови не може секогаш да биде доволно за да се сфати поетскиот текст. Линдро пишува дека најчесто се тргнува без оформена поетика според која ќе се пишува текстот. Со ова, Линдро се труди да им укаже на поетите да заземаат некој засебен приод кон непресушната потреба да се изразт поетски. Исто така овде Линдро пишува за говорењето, зборирањето и правењето стихови. Посочува дека секогаш кога се држи говор, треба истиот да се држи со некој цел, а не да се зборува без да се говори. Неконтролата врз пишувањето на песна може да доведе до тешкотии при читањето и разбирањето на еден поетски текст. Една песна за да биде комплетна мора да биде разбирлива како за читање, така и за слушање. Линдро воведува поим за „неискажливото“, кое може само да се насе¬ти. Во вториот есеј „Думата“, Линдро се осврнува на читањето на научен и уметнички текст. Разликата помеѓу овие два вида е очигледна. Но, според Линдро, нивната заедничка работа е недостатокот на недоволна разбирливост, како и нив¬ниот творец и корисник - човекот. Дури спомнува дека заедничка работа за овие два вида текст и не постои, а ако постои дека тоа би бил само заедничкиот јазик со кој се постигнува достојно опишување на човековата и објективната стварност. Писателот ги поврзува овие два видови текст со семиолошките поими синонимија и хомонимија. Исто така Линдро ги из¬двојува творците од минатото и сегашноста кои придонеле како и на полето на науката, така и на полето на уметноста. Такви творци биле и се: Леонардо да Винчи, Руѓер Бошковиќ, Гете, Луис Керол, Михајло Петровиќ, Јон Барбу, Гастон Башлар, Ремон Кено, Иван Супек и други. Во третиот есеј наречен „Словото“, авторот дава коментари на повеќе дела од македонската книжевност меѓу кои и сосема поинаква анализа и коментар, засновани на разни соодноси, изразени математички, на елементите на драмата, за драмата „Дупло дно“ на Горан Стефановски.
Анализа на критиката на Милош Линдро на песната „Преку лаг“ од Бранко Цветкоски
[уреди | уреди извор]Како што е споменато во погорниот текст, писателот Милош Линдро е автор на повеќе критики. Една од нив е и критиката на песната „Преку лаг“ од Бранко Цветкоски во книгата „Толкувања“ на Нове Цветаноски. Оваа, како и другите критики и другите прозни текстови на авторот, се пишувани на лесен и разбирлив јазик, во кој понекогаш се испрепрлетуваат математички поими. На почетокот на критиката Линдро дава објаснување на тоа што значи да се прочита еден уметнички текст. Според твдрдењето на некоја современа книжевна теорија, авторот посочува дека тоа е средба на авторовото и читателовото искуство, а дека „интензитетот на предизвиканиот уметнички ефект зависи од опфатот на таа конвергенција“ . Притоа Линдро пишува дека најпрво треба да постои една ни¬за од зборовни знакови која е однапред напишана, т.е. мисли на стиховите од песната кои ја пренесуваат информацијата на авторот на песната. Од друга страна, според Линдро, читателот може, но не мора, да го сфати ритамот на песната кој е едно од најважните обележја на една песна. Меѓутоа, тоа би било целта на пишувањето на уметнички текстови. После ова Линдро преминува кон анализа на дадената песна. Објаснува дека насловот на песната, како и самата песна, се напишани за одредени ситуации. Го објаснува и речничкото значење на зборот лаг (долинка покрај некоја река или поточе со свој мир и тишина, со своја растителност, односно мало, мирно место), кој го зазема главното место во песната. Линдро во целата понатамошна критика го пишува своето мислење за песната во детаљи. Откако дава објаснување на некои од зборовите кои ги користел авторот на песната, писателот најпрво пишува како се поврзани строфите на пес¬ната. Потоа преминува во целосна анализа на секој стих од песната. Лагот Линдро го смета за „мегдан на две непомирливи сили“ , едната која е на страната на светлото, бистроста, а другата на мрачното, влажното. Според Линдро во дадената песна преовладува еротското чувство, и тоа во два типа „сакрален“ и „полов“ еротизам. Тој дава подетално објаснување за тоа како е претставено ова чувство во самата песна. Линдро ги воочува и „егзотичните“ глаголи во песната, кои придонесуваат песната да звучи специфично. Последната забелешка на Милош Линдро за оваа песна е тоа дека бурниот почеток преминува во смирен и расчистен крај на песната. Пораката на авторот Б. Цветкоски според Линдро е повикот кон лагот, кон светот кој има свој мир и носи своја убавина со самото тоа.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 140 - 141