Миле Качаниклиев
Миле Качниклиев | ||
Роден | 1925 година Чучер, Скопско | |
---|---|---|
Починал | 16 април 1945 година Врпоље, Хрватска |
Миле Кралев Качниклиев ( 1925 во Чучер, Скопско ― 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и сточарство.
Материјално ги помагал партизаните од порано.[1] Со доаѓањето на 16 македонска ударна бригада во неговото село, меѓу првите стапил во нејзините редови. Бил учесник во бројни акции на Бригадата против Германците кај Качаник.[2] По завршувањето на борбите во Македонија заминал на Косово, каде учествувал во ликвидирањето на одметнатите балистички банди. Потем заминал за Војводина, каде завршил воена и политичка настава и станал политички комесар на чета.[1]
Со четата учествувал при пробивот на Сремскиот фронт и во натамошното гонење на разбиениот непријател. Неговата чета посебно се истакнала во извршувањето на борбените задачи. Учествувал и во големата битка за Врпоље, каде на 16 април 1945 година, тој загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1][2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Неделко Качаниклиев — македонски партизан, учесник во НОВ[2]
- Мирче Качаниклиев — македонски партизан, учесник во НОВ[2]