Мехмет Шимшек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Mehmet Şimşek
Mehmet Şimşek, October 2008.jpg
Министер за финансии
На должноста
Стапил
1 мај 2009
Премиер Реџеп Таип Ердоган
Претходник Кемал Унакитан
Лични податоци
Роден(а) 1 јануари 1967 (1967-01-01) (52 г.)
Батман, Турција
Националност Турчин
Партија Партија на праведноста и развојот
Вероисповед Ислам

Мехмет Шимшек (роден на 1 јануари 1967 во Батман) е турски политичар и актуелен министер за финансии на земјата.

Шимшек потекнува од семејство на неписмени родители, со девет деца кои живееле во една куќа без вода и струја. Електричната енергија во селото дошла во времето на Тургут Озал. Бидејќи потекнува од курдска област, тој турскиот јазик го научил да го зборува по шестгодишната возраст. Тој дипломирал на Анкарскиот универзитет во 1988 година.

Тој бил избран за пратеник во 2007 година. Од август 2007 до 2009 година бил министер за економски прашања, а по реконструкцијата на кабинетот на Реџеп Таип Ердоган, тој бил назначен за министер за финансии од Партијата на правдата и развојот.

Шимшек е оженет и зборува англиски. Тој има турско и британско државјанство[1][2][3][4].

Наводи[уреди | уреди извор]