Мајкл Оловоканди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мајкл
Michael Olowokandi with Earl Barron.jpg
Оловоканди во 2006 со екипата на Селтикс
Лични информации
Роден на3 април 1975 (1975-04-03) (44 г.)
Лагос, Нигерија
Височина7 ст 0 ин (2.13 м)
Тежина270 lb (122 kg)
Информации за кариера
КолеџПацифик (1995–1998)
НБА драфт1998 / Круг: 1 / Избор: 1st вкупно
Одбран од Лос Анџелес Клиперс
Професионална кариера1998–2007
Историја на кариера
1998Виртус Болоња
1998–2003Лос Анџелес Клиперс
2003–2006Минесота Тимбервулфс
2006–2007Бостон Селтикс
Статистика NBA на кариера
Поени4,135 (8.3 ppg)
Скокови3,414 (6.8 rpg)
Блокади697 (1.4 bpg)

Мајкл Оловоканди (3 април 1975 во Лагос) — пензиониран нигериски професионален кошаркар. Оловоканди е роден во Лагос, но израснал во Лондон и посетувал колеџ на универзитетот „Пацифик“ во Стоктон (Калифорнија).[1] Бил одбран како прв пик на драфтот во 1998 од страна на Лос Анџелес Клиперс, но поради локаутот во НБА (1998–99), Оловоканди потпишал едногодишен договор со италијанската екипа Виртус Болоња. Потоа се вратил во САД и пет сезони минал во дресот на Клиперс.

Во сезоната 2003–04 потпишал за Минесота Тимбервулфс каде останал три сезони, по што во јануари 2006 бил испратен во екипата на Бостон Селтикс во размена на повеќе играчи.[2] Во кариерата Оловоканди имал просек од 8.3 поени и 6.8 скокови по натпревар, а негова најефикасна сезона била 2002–03. Оловоканди се смета за едно од најголемите промашувања на драфтот во 1998, бидејќи таа година во НБА дебитирале имиња како Дирк Новицки, Пол Пирс, и Винс Картер, кои имале многу поуспешни кариери од него.[3]

НБА статистика[уреди | уреди извор]

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три поени  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
1998–99 ЛА Клиперс 45 36 28.4 .431 .000 .483 7.9 0.6 0.6 1.2 8.9
1999–00 ЛА Клиперс 80 77 31.2 .437 .000 .651 8.2 0.5 0.4 1.8 9.8
2000–01 ЛА Клиперс 82 82 25.9 .545 .000 .531 6.4 0.6 0.4 1.3 8.5
2001–02 ЛА Клиперс 80 80 32.1 .433 .000 .622 8.9 1.1 0.7 1.8 11.1
2002–03 ЛА Клиперс 36 36 38.0 .427 .000 .657 9.1 1.3 0.5 2.2 12.3
2003–04 Минесота 43 25 21.5 .425 .000 .590 5.7 0.6 0.4 1.6 6.5
2004–05 Минесота 62 34 19.6 .456 .000 .667 5.2 0.5 0.2 0.9 5.9
2005–06 Минесота 32 24 23.5 .446 .000 .487 5.6 0.5 0.6 0.8 6.0
2005–06 Бостон 16 0 10.4 .444 .000 .625 2.6 0.4 0.2 0.4 2.8
2006–07 Бостон 24 0 9.8 .413 .000 .667 2.0 0.2 0.3 0.5 1.7
Просек 500 393 26.3 .435 .000 .597 6.8 0.3 0.5 1.4 8.3

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „U. of Pacific center Michael Olowokandi of Nigeria tops NBA draft“. Jet. FindArticles.com. 13 July 1998. конс. 27 June 2011. 
  2. Celtics@Timberwolves recap. Sports.yahoo.com (30 January 2006). Retrieved on 2 January 2012.
  3. „Top NBA draft busts of all time“. NBC Sports. 2011-05-11. конс. 2017-03-11. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]