Мартинка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мартинка
Дрво накитено со мартинки
Доменисезонски ритуал
Поврзница[ich.unesco.org/en/RL/cultural-practices-associated-to-the-1st-of-march-01287 01287]
ОбластЕвропа и Северна Америка
Историја на впишувањето
Впишување2017 (12 сесија)
Мартинка со Пижо и Пенда

Мартинка — висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје во Бугарија, Романија, Македонија, Грција и Србија. Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои — бела и црвена. Овој празник уште се нарекува и празник на "Баба Марта".

Дисеминација[уреди | уреди извор]

Овој обичај се јавува во неколку форми, во зависност од државата каде се практикува. Во Романија и Молдавија, мартинката се нарекува mărţişor, но таму мартинки носаат само жените, додека во Бугарија и Македонија ги носат сите. И во Југоисточна Србија исто се носат мартинки, генерално кај жителите со бугарско етничко потекло. Мартинки се носеле и се носат и од Македонците[1].

Обичај[уреди | уреди извор]

Зборник на Миладиновци:

Дента спроти Марта сучат црвено и бело предено со цело; и утрината го клавает на децата на грло, на р'це и ноѕе за здравје. Тие се викает мартинки, и со ним в Струга сретват ластoвиците. Таја вечер пременувает местата, к'де спавале до тога, за да не ги јадат болви. Тој ден малите деца прават ластовица от дрво шикосано, и пејет по к'штите: „Ластовица идеше, Црно Море пливаше...“

Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено - крв, живот; бело - чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Затоа со мартинката се кити котлето, во кое се дои првото млеко на Ѓурѓовден; со мартинка се заврзвуваат билките од Иванден.

Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се гадае. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде береќетна. Во некои краишта на Бугарија со мартинки се китат и домашните животни. Понекогаш мартинката се пушта во најблиската река "за да оди, како тече реката". Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која ти е подарена. Затоа сите си даваат мартинки (роднини и пријатели) и досега. Во Бугарија, Шоплукот и Мелничко наместо бел конец во мартинката се вплетува син конец (прторив лекција), а во Родопите се ставаат уште неколку бои.

Потекло[уреди | уреди извор]

Според легендата, Македон се вљубил во Ксантија, тоа била љубов до последен здив. Но, злите сили, или некои од боговите, ја замениле Ксантија со цвеќињата...

Македон секоја пролет ја бара својата прва и незаборавна љубов на сите ливади и полиња, во сите бистри потоци и реки во сите градини во неговата омилена земја Македонија. Во чест на оваа несреќна љубов кон Македон и божицата на цвеќето Ксантија, Македонците првиот пролетен месец го нарекоа Ксант, а пролетниот празник Ксантика.

Ксантика, Македонците го слават како празник на пролетта, љубовта, цвеќето и убавината. Прославата се одржувала на улиците и во театрите, преку програма на танци, музика и ритуали.

Ксантика е празник во кој Македонците верувале дека има миење на душите, простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина над зимскиот мрак, кој ги угнетува нивните души. Симболот на празникот е црвено-белата плетенка, исткаена од бел и црвен конец, тоа е „мартинка“, таа едноставно магична црвено-бела плетенка што потоа се протегала како конец за да ги спои тие луѓе за време на празникот.

Ксантика е длабоко навлезена во душите на Македонците со зачудувачка моќ.

Прославата на Ксантика беше придружена со невиден ентузијазам и екстаза.

Црвено-бели симболи беа поставени на вратите и прозорците и оградите.

Жените и девојките од нив правеа ѓердани, ја украсуваа косата.

Мажите ги врзувале за појаси.

Децата ги носеа како нараквици на рацете.

Коњите и јагнињата биле направени од црвено-бело предиво.

Жените ја истакнуваа облеката, ткаена и везена во зимскиот период, збогатена со оригинална инспирација, монументална хармонија и раскошна боја.

Главните одлики на машката облека биле: шеритот (појасот), кој се сметал за симбол на мажественоста, кламидијата (наметка) и богато извезената и украсена кошула. Мажите носеа бели панделки или наметки (шапки со широк обод) на главите.

Вистинската убавина беа нивните мелодични песни и вртливи танци, особено рок (роки) и телесија (телесни).

Низ сите населби, низ сите долини и планини, со застрашувачка сила одекнуваа магичните звуци на тапани, гајди, зурли, труби и кавали.

Ксантика се празнуваше цел месец, со неверојатен ентузијазам и вознесување кон боговите и вечното Сонце - симболот на животот.☀️

Како се прави мартинка?[уреди | уреди извор]

Земате еден бел и еден црвен конец - по можност волнен или дебел вештачки. Ги заврзувате двата конца еден за друг. Замолувате пријател да го држи единиот крај на конците, вие држејќи го другиот (ако нема кој да помогне, го врзувате едниот крај за нешто). Го затернувате конецот и почнувате да засукувате помеѓу прстите само во една насока. Ги вртете конците, додека не почнаат да се завиваат еден со друг, и тоа на ситни суканици. Внимателно ги собирате двата краја и ги пуштате. Земате еден картон со димензии 5 на 6 см преклопете го на две. Започнувате да го замотувате белото и црвеното предиво околу него, така што од единиот крај да се одминува од другиот. Замотувајте колку пати сакате. Колку повеќе обиколки, толку подебела е Пенда. Го сечете конецот.Го поминувате пресуканиот конец во свитканиот дел на картонот. Разделете ги со ножици завитканите делови на местото каде што нема картон. Така се добиваат ресичките. Извлечете го внимателно картонот и вржете ги двата краја на ширина. Потоа со друг конец или со дел, пресечена од ширината, врзете подолу, за да направите глава.

Нематеријално културно наследство[уреди | уреди извор]

Обичајот Мартинки во Република Македонија со Одлука се прогласени за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, бр. 45-4183/1 од 16 јули 2019 година во Македонија. Потоа следи Решение за прогласување на значајно културно наследство УП.1 10-104 од 26 февруари 2014 година. Во 2017 година била донесена одлука за впишување на обичајот Мартинки на Претставителнниот список на УНЕСКО за нематеријални културно наследства на човештвото.[2][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]