Марко Ломиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марко Ломиќ во тимот на Динамо од Москва во 2010 година

Марко Ломиќ (роден на 13 септември 1983 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој настапувал на позицијата лев бек.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Марко Ломиќ започнал да игра фудбал во клубот Борац од Чачак, пред да премине во летото 2022 година во екипата на Железник. Тој ги поминал наредните три сезони во екипата на популарните Лавови на Железник, притоа освојувајќи го Купот на Србија и Црна Гора во 2005 година.

На 23 јуни 2005 година Марко Ломиќ потпишал четиригодишен договор со екипата на Партизан.[1][2] Тој го добил дресот со број 13, кој претходно го носел јужнокорејскиот младински репрезентативец Ким Чи-ву. Во наредните две сезони, Марко Ломиќ одиграл 50 првенствени натпревари и постигнал вкупно три гола за клубот. Во месец јуни 2007 година, тој заминал во екипата на ТуС Кобленц, склучувајќи тригодишен договор.[3]

На 31 август 2009 година, Марко Ломиќ повторно му се приклучил на составот на Партизан, напуштајќи го клубот на ТуС Кобленц откако двата клуба се договориле за неговиот трансфер.[4] Тој потпишал двегодишен договор со екипата од Белград и го добил дресот со број 11. Во својата повратна сезона, Марко Ломиќ одиграл 25 лигашки натпревари и остварил три погодоци овозможувајќи му на својот тим да ја освои титулата. Тој придонес за клубот му овозможил да влезе во најдобрите единаесет играчи на натпреварувањето.[5]

На 5 јули 2010 година, Ломиќ се преселил во екипата на Динамо од Москва, потпишувајќи тригодишен договор.[6] Тој одиграл вкупно 106 официјални натпревари и постигнал еден гол за клубот во наредните четири сезони. Во месец јули 2014 година, Марко потпишал двегодишен договор со екипата на Мордовија од Саранск.[7] Тој на 2 ноември 2014 година постигнал гол во победата од 2:1 од домашната лига над составот на Краснодар.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Марко Ломиќ бил избран од тренерот Владимир Петровиќ во 18-члениот тим да ја претставува репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Летните олимписки игри 2004 година. Се појавил на сите три групни натпревари: во поразот од 0:6 од репрезентацијта на Аргентина, во поразот со 1:5 од составот на Австралија и во поразот од 2:3 од селекцијата на Тунис. Со овие резултати неговата репрезентација ги завршила натпреварите уште во почетната групна фаза на тие олимписки игри.

Подоцна, Марко Ломиќ бил редовен член на државната репрезентација до 21 година и тоа за време на квалификациите за УЕФА првенството до 21 година во 2006 година. Тој, исто така, одиграл цели 90 минути на сите четири натпревари на селекцијата на Србија и Црна Гора на завршниот турнир на тоа европско првенство, каде што биле елиминирани во полуфиналето од репрезентацијта на Украина по изведување на пенали.

Во месец август 2006 година, Марко Ломиќ бил повикан во репрезентацијата на Србија од страна на тренерот Хавиер Клементе. Тоа бил првиот официјален натпревар на репрезентацијата на Србија како независна држава. Натпреварот бил против селекцијата на Чешка.[8][9] Поради повреда не можел да настапи на тој натпревар. Сепак, тој подоцна се појавил на еден неофицијален пријателски натпревар на 27 декември 2006 година и тоа против селекцијата на Баскија.[10]

На крајот, сепак Марко Ломиќ својот прв официјален натпревар за селекцијата на Србија го имал на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Јапонија. Тој натпревар се одиграл на 7 април 2010 година во градот Осака. Марко ги одиграл сите 90 минути. Иако тимот бил составен само со играчи од највисоката домашна лига, составот на Србија победил со резултат од 3:0.[11] Марко настапил и на натпреварот и шокантниот пораз од 1:3 на домашен терен од селекцијата на Естонија во квалификациите за УЕФА ЕВРО 2012. Тој натпревар се одиграл на 8 октомври 2010 година.[12]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Железник 2002–03 21 0 0 0 21 0
2003–04 29 0 0 0 29 0
2004–05 22 0 0 0 0 0 22 0
Вкупно 72 0 0 0 0 0 72 0
Партизан 2005–06 29 1 2 0 5 0 36 1
2006–07 21 2 3 1 7 0 31 3
Вкупно 50 3 5 1 12 0 67 4
ТуС Кобленц 2007–08 30 0 1 2 31 2
2008–09 23 0 1 0 24 0
Вкупно 53 0 2 2 55 2
Партизан 2009–10 25 3 4 0 4 0 33 3
Вкупно 25 3 4 0 4 0 33 3
ФК Динамо Москва 2010 11 0 2 0 13 0
2011–12 36 1 2 0 38 1
2012–13 26 0 2 0 4 0 32 0
2013–14 22 0 1 0 23 0
Вкупно 95 1 7 0 4 0 106 1
Мордовија од Саранск 2014–15 17 3 2 0 19 3
2015–16 7 1 0 0 7 1
Вкупно 24 4 2 0 26 4
Вкупно во кариерата 319 11 20 3 20 0 359 14

Меѓународна (репрезентативна) статистика[уреди | уреди извор]

Репрезентација Година Натпревари Голови
Србија 2010 година 2 0
2011 година 0 0
2012 година 1 0
Вкупно 3 0

Признанија[уреди | уреди извор]

Клупски признанија[уреди | уреди извор]

Железник
  • Освоен е Купот на Србија и Црна Гора: 2004–05
Партизан

Индивидулни признанија[уреди | уреди извор]

  • Член на тимот на сезоната во српската Суперлига: 2009–10

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Marko Lomić prva lasta u ovom prelaznom roku“ (Serbian). partizan.rs. 23 June 2005. Посетено на 21 May 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)[мртва врска][мртва врска]
  2. „Partizan pounce for Lomic“. uefa.com. 24 June 2005. Посетено на 21 May 2015.
  3. „Lomić i Gulan otišli iz Partizana!“ (Serbian). partizan.rs. 30 June 2007. Посетено на 21 May 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)[мртва врска]
  4. „Lomić potpisao za Partizan!“ (Serbian). partizan.rs. 31 August 2009. Посетено на 21 May 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)[мртва врска][мртва врска]
  5. „Izabran najbolji tim Jelen Super lige Srbije!“ (Serbian). partizan.rs. 20 May 2010. Архивирано од изворникот на 24 August 2020. Посетено на 6 February 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Архивиран примерок“ "Динамо" подписало Марко Ломича (Russian). sport.mail.ru. 5 July 2010. Архивирано од изворникот на 15 March 2016. Посетено на 14 March 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. Футболист Марко Ломич стал очередным новичком "Мордовии" (Russian). sport.mail.ru. 3 July 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-15. Посетено на 14 March 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „Serbians ready for debut“. uefa.com. 4 August 2006. Посетено на 21 May 2015.
  9. „Klementeova totalna rekonstrukcija“ (Serbian). b92.net. 5 August 2006. Посетено на 21 May 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „Debakl na kraju 2006“ (Serbian). politika.rs. 28 December 2006. Посетено на 6 February 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  11. „Lagana trojka Srbije u Osaki“ (Serbian). b92.net. 7 April 2010. Посетено на 21 May 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  12. „Estonia stun Serbia in Belgrade“. uefa.com. 8 October 2010. Посетено на 21 May 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]