Мануте Бол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мануте Бол
Лични информации
Роден на 16 октомври 1962(1962-10-16)
Гогријал, Јужен Судан
Националност Суданец / Американец
Умрел на јуни 19, 2010(2010-06-19) (воз. 47 г.)
Шарлотсвил, САД
Височина 7 ft 7 in (2.31 m)
Тежина 200 lb (91 kg)
Информации за кариера
НБА драфт 1985 / Круг: 2 / Избор: 31-ви вкупно
Одбран од Вашингтон Булетс
Професионална кариера 1985–1996
Историја на кариера
1985 Роуд Ајланд Галс
1985–1988 Вашингтон Булетс
1988–1990 Голден Стејт Вориорс
1990–1993 Филаделфија Севентисиксерс
1993–1994 Мајами Хит
1994 Вашингтон Булетс
1994 Филаделфија Севентисиксерс
1994–1995 Голден Стејт Вориорс
1995–1996 Флорида Бич Догс
1996 C. Montana Forlì
Значајни моменти од кариерата и награди
  • Втора одбранбена НБА петорка (1986)
  • 2× Најмногу блокади во НБА сезона (1986, 1989)
Статистика НБА на кариера
Поени 1,599 (2.6 ppg)
Скокови 2,647 (4.2 rpg)
Блокади 2,086 (3.3 bpg)

Мануте Бол (16 октомври 1962 во Јужен Судан) — поранешен американско-судански професионален кошаркар кој настапувал за повеќе екипи во НБА.[1] Со своите 2,31 метри височина бил највисокиот кошаркар кој некогаш настапувал во НБА, покрај Георге Мурешан.[2] Во Гинисовата книга на рекорди е запишано дека Бол бил висок 2,305 метри. Тој бил роден во градот Гогријал во Јужен Судан како син на главатарот на племето Динка. Неговото име Мануте значи „благословен“.

Бол настапувал за два кошаркарски колеџи и четири екипи од НБА. Играл на позицијата центар и бил познат како специјалист за одбрана, поради тоа што бил помеѓу кошаркарите со најмногу блокади во историјата на НБА. Бол во кариерата забележал повеќе блокирани удари од дадени поени, со што е единствен НБА играч со таква статистика. Кариерата ја завршил како втор кошаркар во историјата на НБА со просек на блокирани шутеви по натпревар, и 15. на вечната листа по вкупен број на блокирани удари.

НБА статистика[уреди | уреди извор]

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три поени  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
1985–86 Вашингтон 80 60 26.1 .460 .000 .488 6.0 0.3 0.4 5.0 3.7
1986–87 Вашингтон 82 12 18.9 .446 .000 .672 4.4 0.1 0.2 3.7 3.1
1987–88 Вашингтон 77 4 14.8 .455 .000 .531 3.6 0.2 0.1 2.7 2.3
1988–89 Голден Стејт 80 4 22.1 .369 .220 .606 5.8 0.3 0.1 4.3 3.9
1989–90 Голден Стејт 75 20 17.5 .331 .188 .510 3.7 0.5 0.2 3.2 1.9
1990–91 Филаделфија 82 6 18.6 .396 .071 .585 4.3 0.2 0.2 3.0 1.9
1991–92 Филаделфија 71 2 17.8 .383 .000 .462 3.1 0.3 0.2 2.9 1.5
1992–93 Филаделфија 58 23 14.7 .409 .313 .632 3.3 0.3 0.2 2.1 2.2
1993–94 Мајами 8 0 7.6 .083 .000 .000 1.4 0.0 0.0 0.8 0.3
1993–94 Филаделфија 4 0 12.3 .429 .000 .000 1.5 0.0 0.5 2.3 1.5
1993–94 Вашингтон 2 0 3.0 .000 .000 .000 0.5 0.0 0.5 0.5 0.0
1994–95 Голден Стејт 5 2 16.2 .600 .600 .000 2.4 0.0 0.0 1.8 3.0
Просек 624 133 18.7 .407 .210 .561 4.2 0.3 0.2 3.3 2.6

Разигрување[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
1986 Вашингтон 5 5 30.4 .588 .000 .375 7.6 0.2 0.6 5.8 4.6
1987 Вашингтон 3 0 14.3 .400 .000 .000 3.0 0.0 0.0 1.6 2.6
1988 Вашингтон 5 0 8.8 .571 .000 1.000 2.4 0.0 0.0 0.4 1.8
1989 Голден Стејт 8 0 18.5 .194 .091 .286 3.8 0.1 0.2 3.6 2.2
1991 Филаделфија 8 0 13.6 .500 .000 .667 2.3 0.1 0.1 1.5 3.0
Просек 29 5 17.1 .386 .087 .444 3.7 0.1 0.2 2.6 2.8

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Former Bullet Manute Bol dies at 47“, 19 јуни 2010 (конс. 19 јуни 2010 г).
  2. Brown, Donald H. (2007). A Basketball Handbook. Bloomington, Indiana: AuthorHouse. стр. 20. ISBN 978-1-4259-6190-9. https://books.google.com/books?id=YJmsqtj-rh4C&pg=PA20. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]